Book of Common Prayer
Писмо од апостол Павле
до христијаните во
Колос
Авторство и поздрави
1 Од Павле, избран од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат по вера Тимотеј,
2 до христијаните во градот Колос, до нашите пријатели, верни следбеници на Христос.
Бог, нашиот Татко, нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.
Благодарностна и застапничка молитва
3 Секогаш кога се молиме за вас, Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, 4 зашто слушнавме за вашата вера во Исус Христос, и за љубовта што ја имате спрема сите Божји луѓе. 5 Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест. 6 Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет.
7 Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас[a]. 8 Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух.
9 Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини. 10 Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог.
11 Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде 12 и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината. 13 Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, 14 Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите.
Прашања за саботата
(Матеј 12:1-8; Марко 2:23-28) 6 Една сабота, кога Исус минуваше низ нивите, Неговите ученици кинеа клавчиња, ги триеја со раце и ги јадеа. 2 Некои од фарисеите ги прекорија, велејќи им: „Зошто го правите тоа што не е дозволено да се прави во сабота?“ 3 На ова, Исус им одговори: „Зар не сте читале што направија Давид и неговите придружници кога огладнеа, 4 и како тој влезе во Божјиот Дом, па тој и неговите луѓе јадеа од посветениот леб[a], од кој само свештениците смееја да јадат? 5 Јас, Синот Човечки[b], Сум Господар и над саботата“ - заклучи Исус.
Исус исцелува во сабота
(Матеј 12:9-14; Марко 3:1-6) 6 Една друга сабота, Исус влезе да поучува во синагогата[c]. Таму имаше еден човек со парализирана десна рака. 7 Вероучителите и фарисеите[d] Го набљудуваа со намера да Го обвинат, доколку изврши исцелување во сабота. 8 А Исус, знаејќи им ги мислите, му се обрати на човекот со парализираната рака: „Стани и застани пред сите!“ Тој стана и застана. 9 Тогаш Исус им рече: „Да ве прашам: што е дозволено да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спасуваат животи, или да се уништуваат?“ 10 Потоа прошета со погледот од човек до човек и му се обрати на болниот: „Испружи ја раката!“ Тој го стори тоа и раката веднаш му оздраве. 11 А противниците збеснаа и почнаа да се договараат што да Му направат на Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest