Book of Common Prayer
Евангелието според
Јован
Вечниот Збор
- Христос 1 Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. 2 Од самиот почеток, Зборот беше со Бог.
3 Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! 4 И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето. 5 Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.
6 Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог. 7 Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата. 8 Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината. 9 Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена.
10 Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна. 11 Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија. 12 А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него[a] - им даде право да станат Божји чеда. 13 Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог.
14 Зборот стана човек и живееше меѓу нас. Ние ја видовме Неговата слава - славата што Тој ја прими како Единороден Син од небесниот Татко. Тој беше полн со љубов и искреност.[b]
15 Јован посведочуваше за Него и викаше, велејќи: „Ова е Оној за Кого реков: ,По мене доаѓа еден Човек, Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘“ 16 Од Неговата полнота сите ние примивме благослов врз благослов, 17 зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а Исус Христос ни ги донесе љубовта и вистината[c]. 18 Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син - Кој е Бог, и Кој произлегува[d] од Таткото.
13 Истиот ден двајца од Исусовите ученици одеа кон селото Емаус, кое се наоѓаше на околу единаесет километри[a] од Ерусалим. 14 Двајцата разговараа меѓу себе за сето ова што се случуваше. 15 Додека разговараа за сe што се случи и размислуваа, до нив се приближи Исус и зачекори заедно со нив, 16 но нивните очи не Го препознаа. 17 Вклучувајќи се во разговорот, Исус ги праша: „За што разговарате по пат?“ Тие застанаа како скаменети, со тажни изрази на лицата. 18 Едниот од нив, кој се викаше Клеопас, му рече: „Ти мора да си единствениот од сите дојдени во Ерусалим кој не знае што се случува деновиве!“ 19 Тој ги запраша: „За што станува збор?“ Тие Му одговорија: „За она што Му се случи на Исус од Назарет! Тој беше пророк и се докажа како силен на зборови и на дела, како пред Бога така и пред луѓето. 20 Но нашите свештенички поглавари и управниците Го уапсија и Го предадоа за да биде осуден на смрт и потоа Го распнаа. 21 А ние се надевавме дека Тој е Месијата што ќе го ослободи Израел! Еве, веќе е трет ден откако тоа се случи.
22 Некои жени од нашата група нe збунија; тие биле на гробот, 23 но таму Го немало Неговото тело! Кога се вратија, тие ни кажаа дека им се појавиле ангели кои им рекле дека Исус е жив. 24 Некои од нашите другари исто така отидоа кај гробницата и го виделе истото што го кажаа и жените, но Него не Го виделе.“
25 Тогаш Исус им рече: „Ах, колку тешко сфаќате и колку ви е тешко да верувате во сето она што го говореа пророците! 26 Зар не беше јасно претскажано дека Месијата ќе настрада, пред да влезе во Својата слава?“ 27 Потоа Исус почна да им објаснува сe што е претскажано за Него, со цитати од Светото Писмо, почнувајќи од Мојсеевите книги, па сe до книгите на пророците.
28 Кога се приближија до селото Емаус, кон кое беа тргнале, Исус се направи како да сака да си продолжи по патот, 29 но тие Го задржуваа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот е веќе при крај и почнува да се стемнува.“ Така Тој влезе и остана со нив. 30 Седејќи со нив на трпезата, Тој зеде леб, Му се заблагодари на Бог, па го раскрши и им го раздели. 31 Тогаш очите им се отворија и тие Го познаа! Но во истиот миг Тој исчезна - стана невидлив за нивните очи! 32 Тие си проговорија еден на друг: „Зар не ни се разгореа срцата уште по патот, кога Тој ни говореше и ни го објаснуваше Светото Писмо!?“
33 Тогаш тие веднаш станаа и се вратија во Ерусалим, каде што ги најдоа единаесеттемина ученици, собрани со своите пријатели, 34 па им рекоа: „Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон Петар!“ 35 Потоа почнаа да им раскажуваат за сето она што им се случи ним, на двајцата, на патот кон Емаус, и како Го препознаа кога Тој го раскрши лебот.
19 Во истиот тој ден, а беше недела[a], кога се стемни, Исусовите ученици се беа собрале зад затворени врати, поради страв од еврејските верски водачи. Тогаш Исус ненадејно се појави, застана на средина и ги успокои со поздрав[b]. 20 Потоа им ги покажа рацете и ребрата отстрана. Кога видоа дека тоа е Господ, учениците многу се израдуваа.
21 Исус повторно ги успокои, пренесувајќи им Го својот мир, а потоа им рече: „Како што Мене Ме прати небесниот Татко, така сега Јас ве праќам вас.“ 22 Откако го рече тоа, Тој им вдахна од Својот Дух, велејќи: „Примете Го Светиот Дух!
23 Ако на луѓето им ги простите гревовите - ќе им бидат простени, а ако не им ги простите - ќе им останат.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest