Book of Common Prayer
Петар им се обраќа на насобраните
14 Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:
22 Израелци, слушнете ги овие зборови: Бог јавно го поддржа Исуса од Назарет, со тоа што преку Него изврши многу чуда, несекојдневни работи и чудотворни докази. Тоа и самите добро го знаете. 23 Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исуса и со помош на еден паганин[a], Го распнавте на крст и Го убивте. 24 Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше. 25 За Него, Давид вели:
‚Знам дека Господ е постојано со мене,
Тој ми е оддесно -
нема да потклекнам!
26 Поради тоа срцето ми е весело,
и душата ми се радува;
а и телото во надеж ќе ми почива,
27 зашто Ти во гробот нема да ме оставиш,
ниту ќе дозволиш
Твојот Светец да доживее распаѓање.
28 Ти ми го објави патот на животот,
Твоето присуство ќе ме исполни[b] со радост.‘
29 Луѓе, браќа, јасно е дека нашиот прататко Давид овде не зборува за себе, зашто тој умре, беше погребан и неговиот гроб е тука, меѓу нас, се до денешен ден. 30 Но бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се беше заколнал оти потомок од неговите бедра ќе седи на неговиот престол, 31 претскажувајќи за тоа, тој зборуваше за воскреснувањето на Христос[c], Кој, ниту беше оставен во гробот, ниту Неговото тело доживеа распаѓање.
32 Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа.
Исус
- патот кон Бог 14 „Не вознемирувајте се! Верувајте[a] во Бог! Верувајте и во Мене! 2 Во домот на Мојот небесен Татко има многу живеалишта. Ако не беше така, зар ќе ви речев дека одам да приготвам место за вас? 3 Откако ќе отидам и ќе ви приготвам место, повторно ќе се вратам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што сум Јас. 4 Вие го знаете патот до местото каде што заминувам.“
5 Тома Му рече: „Господе, ние не знаеме ни каде заминуваш! Како, тогаш, можеме да го знаеме патот!?“
6 Исус му одговори: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко. 7 Ако Ме познавате[b] Мене, Го познавате и Мојот Татко. Отсега Го знаете и сте Го виделе.“
8 Филип Му рече: „Господе, покажи ни Го небесниот Татко и тоа ќе ни биде доволно!“ 9 Исус му одговори: „Филипе, долго време сум со вас. Зар не знаеш кој сум Јас!? Секој што Ме видел Мене, Го видел небесниот Татко. Како можеш да кажеш: ‚Покажи ни Го небесниот Татко‘? 10 Зарем не веруваш дека Јас сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги зборувам Јас не ги зборувам од Себе, туку небесниот Татко, Кој живее во Мене, ги врши Своите дела. 11 Верувајте Ми дека Јас сум во Таткото и Таткото е во Мене, или барем верувајте заради чудата. 12 Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите, зашто Јас заминувам кај небесниот Татко. 13 Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам. На тој начин Синот ќе Му донесе слава на небесниот Татко. 14 Јас ќе направам се што ќе побарате во Мое име.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest