Book of Common Prayer
10 Токму за ова спасение сакаа повеќе да дознаат и пророците. Тие пророкуваа за тој незаслужен подарок што требаше да дојде. 11 Се обидуваа да дознаат на кого се однесува тоа и кога ќе се случи. Духот на Христос беше во нив и им претскажуваше дека Месијата најпрво ќе страда, а потоа ќе се стекне со голема слава. 12 Ним им беше откриено дека ова нема да се случи во нивно време и дека тие претскажуваат работи за иднината, за вас. Тие работи сега ви беа објавени преку оние што ви ја проповедаа Радосната вест, со силата на Светиот Дух испратен од небото. Дури и ангелите копнеат да проникнат во овие работи, да ги разберат.
Поттик за свет живот
13 Затоа, впрегнете го својот ум, размислувајте трезвено. Сета своја надеж положете ја во благонаклоноста што ќе ви биде дадена кога ќе се врати Исус Христос! 14 Бидете Му послушни на Бог, бидејќи сте Негови деца. Немојте да им се препуштате на вашите поранешни страсти од времето кога живеевте во незнаење. 15 Напротив, бидете свети во сите свои постапки, бидејќи вие сте Божји избраници, а Тој е свет. 16 Самиот Бог во Светото Писмо ни порачува:
„Бидете свети, затоа што Јас сум свет[a]!“
17 Кога веќе Бога го сметате за ваш небесен Татко, Кој секого наградува или казнува според постапките, без пристрасности спрема поединци, тогаш, се додека живеете како туѓинци, овде на Земјава, однесувајте се со страхопочит спрема Бог. 18 Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци. Знаете дека не бевте откупени[b] со сребреници и златници, кои се потрошни нешта, 19 туку со скапоцената крв на Христос, безгрешното, совршено Божјо Јагне. 20 Бог Него Го одбра за оваа цел уште пред создавањето на светот, но дури сега, во овие последни времиња, Го испрати на Земјата заради вас.
Исус го претскажува откажувањето на Петар
(Матеј 26:31-35; Марко 14:27-31; Лука 22:31-34) 36 Симон Петар Му рече: „Господе, каде заминуваш?“
Исус му одговори: „Ти сега не можеш да дојдеш таму каде што Јас заминувам, но ќе Ми се придружиш подоцна.“
37 Петар Му рече: „Господе, зошто не можам да Ти се придружам сега? Јас сум готов и својот живот да го положам за Тебе!“
38 „Твојот живот ли ќе го положиш за Мене?“ - му возврати Исус. „Те уверувам, дека, уште пред да запее петел - ти трипати ќе порекнеш дека воопшто Ме познаваш!“
Погребувањето на Исус
(Матеј 27:57-61; Марко 15:42-47; Лука 23:50-56) 38 Подоцна Јосиф од градот Ариматеја[a], кој беше таен Исусов следбеник, поради страв од Евреите, побара од Пилат да му го даде телото на Исус. Пилат му одобри и Јосиф отиде и го зеде телото од крстот. 39 Дојде и Никодим со околу триесет и четири килограми смеса од ароматични смоли[b]. Тоа беше оној Никодим кој порано беше дошол кај Исус ноќе. 40 Тие го зедоа Исусовото тело и го завиткаа во платно, заедно со ароматичните смоли, според еврејскиот обичај на подготвување за погреб. 41 А на местото каде што Го распнаа имаше една градина и во неа една нова гробница, во која се уште никој не беше погребуван. 42 Таму го положија телото на Исус, зашто гробот беше близу, а тие се брзаа, бидејќи беше ден на подготовка[c] за саботата и Пасхата.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest