Book of Common Prayer
Да се сакаме еден со друг
11 Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг. 12 Да не бидеме како Каин, кој застана на страната на Злиот и го уби сопствениот брат. Зошто го уби? Бидејќи она што го правеше Каин беше погрешно, а она што го правеше неговиот брат беше правилно. 13 Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!
14 Ако ние, христијаните, се сакаме еден со друг, тоа докажува дека сме преминале од смрт во вечен живот. Оној што не ги сака другите христијани, се уште е во стегите на смртта.
15 Секој што мрази некој од христијаните е убиец, а вие знаете дека ниту еден убиец во себе нема вечен живот.
16 Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов. Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани. 17 Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне? 18 Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот.
Сатаната го искушува Исуса
(Матеј 4:1-11; Марко 1:12-13) 4 Исус се врати од реката Јордан исполнет со Светиот Дух. Духот Го одведе во пустината, 2 каде што Ѓаволот Го искушуваше четириесет дена. За сето тоа време Тој не јадеше ништо и на крајот многу огладне. 3 Тогаш Ѓаволот Му рече: „Ако си Ти навистина Божјиот Син, нареди им на камењава да се претворат во лебови!“ 4 Но Исус му одговори: „Светото Писмо вели[a]: ,Човекот не живее само од леб!‘“
5 Тогаш Ѓаволот Го крена на високо место и за миг Му ги покажа сите царства на Земјата, 6 па Му рече: „Ќе Ти дадам власт над сите нив и сиот нивни раскош, зашто тие мене ми се дадени и јас можам да ги давам кому што сакам! 7 Значи, сево ова ќе Ти припадне Тебе, ако ми се поклониш.“ 8 Исус му одговори: „Светото Писмо вели[b]: ,Поклонувај Му се на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“
9 Потоа Ѓаволот Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот од Божјиот храм и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу, 10 зашто во Светото Писмо пишува[c]: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат‘, 11 и дека тие ќе Те понесат на своите дланки, за да не си ја сопнеш ногата на камен.“ 12 Исус му одговори: „Но, го пишува[d] и следново: ,Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“ 13 Исцрпувајќи ги сите можни искушенија, Ѓаволот Го остави, очекувајќи друг погоден момент.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest