Book of Common Prayer
Христос се застапува за нас
2 Чеда Божји, ова ви го пишувам за да не грешите. Но, ако некој од вас направи грев, Го имаме праведниот Исус Христос, Кој се застапува за нас пред небесниот Татко. 2 Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.
Одлики на Божјите луѓе
3 По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди! 4 Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него. 5 Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе. 6 Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.
7 Драги мои, јас не ви пишувам за да ви дадам некаква нова заповед. Ова е стара заповед што ви беше дадена уште од самиот почеток. Таа стара заповед - да имаме љубов еден спрема друг - е истата порака што ја чувте отпорано. 8 Сепак, таа заповед на некој начин е и нова, зашто нејзината вистинска смисла може да се согледа дури сега во Исус и во вас. Погледнете, темнината исчезнува, а вистинската светлина веќе свети!
9 Оној што тврди дека е на страната на светлината, а ги мрази другите христијани[a], тој се уште е на страната на темнината. 10 Оној што ги сака другите христијани, навистина живее во светлината и кај него нема ништо што би можело некого да наведе на грев. 11 Оној што ги мрази другите христијани е на страната на темнината, низ црна темнина оди и не знае каде ќе стигне, зашто темнината му ги заслепува очите.
12 Додека бев со нив, Јас ги чував преку силата на Твоето име што Ти ми го даде, и ги зачував. Никој од нив не се загуби, освен синот на пеколот, за да се потврди претскажаното во Светото Писмо[a].
13 А сега, Јас се враќам кај Тебе и овие работи ги кажувам додека сум се уште во светот, за Моите следбеници да ја имаат во себе истата, целосна радост, што ја имам Јас. 14 Јас им ја предадов Твојата порака, но светот ги замрази, зашто тие не му припаѓаат на светот, исто како што ни Јас не му припаѓам на светот. 15 Татко! Не Те молам Моите следбеници да ги земеш од светот, туку да ги чуваш од Злиот. 16 Тие не му припаѓаат на светот, како што ни Јас не му припаѓам на светот. 17 Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината. 18 Јас ги испраќам во светот, како што Ти Мене Ме испрати во светот. 19 Јас се посветив за нив[b], за и тие да и бидат посветени на вистината.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest