Book of Common Prayer
25 Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Савле се вратија во Антиохија. Со себе го зедоа Јована, со прекар Марко.
ПРВОТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА ПАВЛЕ
13 Меѓу пророците и учителите во антиохиската[a] црква беа и Барнаба, Симон наречен ,Црнец‘[b], Луцие од Кирена, Менахем, кој беше израснал со царот[c] Ирод, и Савле. 2 Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: „Одвојте ми ги Барнаба и Савле за една посебна задача што сакам да им ја доверам!“ 3 Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија.
Проповедај правилно и ревносно
4 Кога Исус Христос ќе дојде да го воспостави Своето царство, Тој ќе им суди на сите - и на живите и на мртвите. Затоа, имајќи ги Бог и Исус Христос за сведоци, со заклетва те задолжувам 2 да ја проповедаш Божјата порака! Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не. Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови. Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.
3 Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат. 4 Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.
5 Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација. Издржи ги неправдите. Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.
6 На мојот живот му се гледа крајот. Дојде време да заминам кај Господ. 7 Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен. 8 Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден[a] ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.
За некои лични работи
9 Потруди се да дојдеш кај мене колку што можеш побргу. 10 Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун. Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација. 11 Само Лука остана со мене.
Доведи го и Марко. Тој ќе ми биде од голема полза во службата.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest