Book of Common Prayer
Бог е изворот на љубовта
7 Драги мои, треба да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта доаѓа од Бог. Секој што ги сака луѓето докажува дека е Божјо чедо и дека Го познава Бога. 8 Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов. 9 Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него. 10 Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.
11 Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.
12 Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас.
13 Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас. 14 Со свои очи видовме и им сведочиме на луѓето дека небесниот Татко Го испрати Синот, Исуса, да биде Спасител на светот.
15 Секој што го прифаќа Исуса како Божји Син, го има Бога во себе, а и тој е во Бога. 16 Сега знаеме колку многу Бог не сака и имаме доверба во Него.
Бог е љубов! Секој што ги сака луѓето е во единство со Бога, а и Бог е во него. 17 Ако искрено се сакаме и ако живееме онака како што живееше Исус, нема причина да се плашиме од Судниот ден. 18 Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов.
19 Ние возвраќаме со љубов, зашто Бог прв не засака. 20 Ако некој тврди дека има љубов спрема Бог, а мрази некој од христијаните[a], тој е лажливец. Ако не ги сака христијаните, кои му се пред очи, како ќе може да Го сака Бога, Кого не Го има видено? 21 Христос ни даде ваква заповед: Тој што Го сака Бога, треба да ги сака и христијаните околу себе.
Исусовите дела во Кафарнаум - Истерувањето на демони
(Марко 1:21-28) 31 Потоа Исус замина за Кафарнаум, град во Галилеја, каде што во саботите го поучуваше народот. 32 Луѓето беа одушевени од Неговите поуки, зашто Тој зборуваше со авторитет.
33 Во синагогата[a] имаше еден човек обземен од демон, кој викаше на сиот глас: 34 „Што сакаш од нас, Исусе од Назарет? Зар Си дошол да нe уништиш? Знам Кој си Ти: Ти си Божјиот Светец, испратен од Бог!“ 35 Исус му заповеда: „Замолкни и излези од него!“ Демонскиот дух го кутна човекот наземи пред очите на сите и излезе од човекот, не повредувајќи го. 36 Луѓето беа стаписани и си говореа еден со друг: „Какви моќни зборови, полни со власт и сила да им се заповеда на демони и тие да излегуваат!“ 37 По ова, веста за Исус се разнесе низ сите околни места.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest