Book of Common Prayer
3 Погледнете колкава голема љубов покажа небесниот Татко спрема нас! Тој толку многу не засака, што не прифати како Свои чеда и ние сега навистина сме Божји чеда! Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не не препознаваат како Божји чеда. 2 Драги мои, ние веќе сега сме Божји чеда, но не можеме ни да си замислиме што ќе станеме допрва! Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е. 3 Секој што ја положил својата надеж во Него, ќе се чува да остане чист, токму како што и Христос е чист.
4 Секој што прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на Законот. 5 Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови. Во Него грев нема, 6 па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши. Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!
7 Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус. 8 А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.
9 Тој што е препородено Божјо чедо нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо чедо и не може да продолжи да греши. 10 Постои јасна разлика меѓу Божјите чеда и децата на Ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо чедо.
Јован Крстител Го најавува Месијата
15 Бидејќи народот беше во исчекување да се појави Божјиот Месија, се прашуваше да не е можеби Јован Месијата? 16 Затоа, Јован им се обрати на сите: „Јас ве крштавам во вода, а по мене иде поголем од мене, толку голем што јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам[a]. Тој ќе ве крсти огнено, во Светиот Дух. 17 Тој ја има лопатата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во оган што не гасне.“
18 Вака, и на многу други начини, Јован им ја проповедаше Радосната вест на луѓето и ги поттикнуваше да се поправат. 19 Јован јавно го прекоруваше и гувернерот Ирод, зашто тој беше ја зел Иродијада, жената на својот брат, а правеше и други злосторства, 20 додавајќи кон нив уште едно со тоа што го фрли Јована в затвор.
Крштавањето на Исус
(Матеј 3:13-17; Марко 1:9-11) 21 Еден ден, по крштавањето на сиот народ, се крсти и Исус. И додека Тој се молеше, се отвори небото, 22 и Светиот Дух слезе во телесен облик, како гулаб. Се чу и глас од небото, кој рече: „Ти Си Мојот Син - Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest