Book of Common Prayer
3 За крај, драги мои, радувајте се што Му припаѓате на Господ. Мене не ми е тешко одново да ви го напишам истото нешто што веќе порано сум ви го пишувал, бидејќи тоа ќе придонесе да се заштитите.
2 Чувајте се од тие зли луѓе, од тие кучиња што тврдат дека обрежувањето е неопходно! Тоа е лажна побожност! 3 Ние, а не тие, сме обрежани на вистинскиот начин, зашто преку (Светиот) Дух Му служиме на Бог и се гордееме со Исус Христос. Ние не ја полагаме својата вера во телесни вредности. 4 Јас, се разбира, би можел да се потпрам на телесните вредности. Ако некој мисли дека може да се потпира на телесни вредности, нека знае дека јас имам многу повеќе причини така да мислам. 5 Обрежан сум кога сум имал осум дена, Израелец сум по раѓање, од племето на Бинјамин - чистокрвен Евреин. Им припаѓав на фарисеите, што подразбира стриктно придржување кон верските закони. 6 Бев толку ревносен, што дури ги прогонував христијаните[a]. Толку колку што човек може да биде праведен со почитување на заповедите од верскиот Закон, јас беспрекорно се придржував до нив.
7 Но сите тие нешта што порано толку многу ми значеа, сега, кога верувам во Христос, ги сметам за безвредни[b]. 8 И уште повеќе, сметам дека се е рамно на загуба во споредба со таа скапоцена придобивка: да се познава Исус Христос, мојот Господ. Заради Него се откажав од сите тие телесни вредности и ги сметам за обичен смет. Христос е се што ми треба. 9 Со Него сакам да бидам, не преку моја сопствена праведност, што би произлегувала од придржување кон верскиот Закон, туку преку праведност што се добива заради вера во Христос, праведност што доаѓа од Бог, врз основа на вера. 10 Сакам длабоко да Го запознаам Христос, да ја доживеам силата што Го воскресна, да искусам дел од Неговите страдања и да се идентификувам со Неговата смрт, 11 па така некако да стигнам до воскреснување од мртвите.
Стремеж кон целта
12 Јас не велам дека веќе сум успеал да го постигнам тоа, или дека сум станал совршен. Но, и понатаму се стремам да ги постигнам целите заради кои Исус Христос ме придоби. 13 Се разбира, драги пријатели христијани, јас не мислам дека веќе сум успеал да го достигнам тоа[c], но мислам дека успеав да го заборавам она што е зад мене и од се срце да се стремам кон она што е пред мене. 14 Трчам право кон целта, за да ја добијам наградата, небесното жителство за кое Бог, преку Исус Христос, не повика.
Завера и против Лазар
9 Во меѓувреме голем број Евреи дознаа дека Исус е таму, па дојдоа, не само заради Него, туку и да го видат Лазара, кого Тој го оживе од мртвите. 10 Тогаш свештеничките поглавари решија да го убијат и Лазара, 11 бидејќи заради него голем број Евреи ги напуштаа свештениците и почнуваа да веруваат во Исус.
Свеченото влегување во Ерусалим (Цветници)
(Матеј 21:1-11; Марко 11:1-11; Лука 19:28-40) 12 Следниот ден многубројниот народ што беше дошол на празникот разбра дека Исус доаѓа во Ерусалим. 13 Луѓето зедоа палмови гранчиња, па излегоа да Го пречекаат, извикувајќи: „Спаси не сега[a]! Благословен е Тој што доаѓа во името на Господ! Благословен да е Царот[b] на Израел!“
14 Исус најде едно младо магаре и се качи на него, токму како што беше претскажано во Светото Писмо:
15 „Не плаши се, ерусалимски[c] народе! Погледни! Царот твој доаѓа, јавајќи на младо магаре[d]!“
16 Во почетокот Неговите ученици не сфатија дека ова беше исполнување на пророштвото, но кога Исус се прослави[e], тогаш си спомнаа дека ова беше претскажано за Него и дека тие беа учесници и очевидци.
17 А народот што беше со Исус кога Тој го повика Лазара од гробот и го оживе од мртвите продолжуваше да раскажува насекаде за таа случка. 18 Како резултат на тоа, многуброен народ излезе да Го пречека, откако слушна дека Тој го направил ова чудо. 19 Тогаш фарисеите си рекоа: „Гледате дека се е залудно! Целиот народ тргна по Исус!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest