Book of Common Prayer
19 Јас не бев должен да им се покорувам на луѓето, бидејќи од нив не добивав плата[a], но сепак им станав слуга на сите за да ги доведам кај Христос. 20 Кога сум со Евреи, живеам како Евреин, за да ги доведам кај Христос. Тие му се потчинуваат на Мојсеевиот Закон, па и јас се придржувам кон истиот Закон, за да можам да ги доведам кај Христос, иако јас веќе не сум под тој Закон. 21 Кога сум со луѓе што не го признаваат Мојсеевиот Закон, го оставам Законот настрана, та и нив да ги доведам кај Христос. Се разбира, јас не живеам без закон, зашто го почитувам Божјиот Закон, односно, се раководам од Христовиот закон.
22 Кога сум со сиромаси[b] и јас живеам како нив, па и нив да ги доведам кај Христос. Кон сите се сообразив, сите начини ги применив за да спасам некои од нив. 23 Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.
24 Знаете дека на трката трчаат сите натпреварувачи, но само еден ја добива наградата. И вие треба да трчате со цел да победите! 25 Секој атлетичар се одрекува од многу нешта, за да добие награда што нема долго да вреди, а нашата награда вечно ќе вреди. 26 Јас не трчам кон нешто неизвесно, не удирам во празно, 27 туку го вежбам моето тело на издржливост и го обуздувам, за да не се случи, додека им проповедам на другите, самиот да испаднам од трката.
Исус првпат ја навестува Својата смрт
(Мт. 16:21-23; Лк. 9:22-27) 31 Оттогаш Исус почна да им кажува што сe ќе се случи со Него. Им кажа дека Него, Синот Човечки, Го очекуваат големи страдања, дека Тој ќе биде отфрлен од народните водачи, од свештеничките поглавари и од вероучителите, дека тие ќе Го убијат, но и дека по три дни Тој ќе воскресне. 32 За сето ова им говореше многу отворено.
Тогаш Петар Го повлече Исуса настрана, укорувајќи Го дека така зборува. 33 Исус се сврте кон Своите ученици, а потоа со строг глас му рече на Петар: „Бегај од Мене, Сатано! Тоа што го велиш е човечко размислување, а не Божјо!“
Трнлив пат за Исусовите следбеници
(Мт. 16:24-26) 34 Тогаш Исус ги повика Своите ученици и народот поблиску до Себе и им рече:
„Тој што сака да стане Мој следбеник треба да се откаже од своите себични амбиции, да си го понесе својот крст и да тргне по Моите стапки. 35 Зашто, секој што сака да си го запази животот[a] само за себе - ќе го загуби; а ако Ми го посвети Мене и на Евангелието - ќе го зачува. 36 Каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја загуби!? 37 Има ли нешто повредно од твојата душа?
38 Нема причина да се срамите од Мене и од Моето учење пред овој неверен и грешен свет, зашто инаку и Јас, Синот Човечки, ќе се засрамам од вас кога ќе се вратам во сета слава на Мојот небесен Татко, во придружба на светите ангели!“
Преобразувањето на Исус во славно тело
(Мт. 17:1-13; Лк. 9:28-36) 9 Во продолжение Исус рече: „Ве уверувам дека меѓу овде присутните има некои што ќе го видат стапувањето во сила на Божјото царство уште пред да умрат!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest