Book of Common Prayer
28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели. 29 Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри. 30 А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави.
Силата на Божјата љубов
31 Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас? 32 Кога Бог ни Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас, зар заедно со Исус нема да ни подари и се друго?
33 Кој може да подигне обвинение против оние што Бог ги одбра и ги оправда!? 34 Кој може да не осуди нас, Божјите избраници? Такво право и таква сила има само Исус Христос, но токму Тој умре и воскресна за нас, а и сега се зазема за нас, седејќи на почесното место, од десната страна на Бог!
35 Според тоа, може ли да има сила што ќе не одвои од Христовата љубов? Можат ли тоа да го сторат тешкотиите, маките, прогоните, гладот, немаштијата или заканите со смрт? 36 Иако во Светото Писмо е напишано:
„Секојдневно се соочуваме со смртта, за Тебе,
не сметаат како овци за клање[a]“
37 Наспроти се, ние сме повеќе од победници, преку Христос, Кој многу не засака. 38 Убеден сум дека ни смртта ни животот; ни ангелите, ни владетелите; ни сегашноста, ни иднината; ни некакви сили, 39 било да се сили од височините, или сили од длабочините; ниту што и да е на овој свет не може да не одвои од Божјата љубов, што Тој ни ја искажува преку Исус Христос, нашиот Господ!
52 Тогаш Евреите почнаа одново да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да се храниме со Него!?“
53 Исус, пак, им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се храните од телото на Синот Човечки и не се напојувате од Неговата крв - ќе немате живот во себе! 54 Оној што се храни[a] од Моето тело и се напојува од Мојата крв, има вечен живот и на крајот, Јас ќе го воскреснам. 55 Моето тело е вистинска[b] храна и Мојата крв е вистинска напивка. 56 Кој се храни[c] од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него.
57 Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене. 58 Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“ 59 Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest