Book of Common Prayer
Жал за Израелците - Нивната предност
9 Јас ја кажувам вистината. Му припаѓам на Христос и не лажам. Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам 2 кога ви кажувам колку е голема мојата тага, каква непрестајна болка имам во срцето 3 за мојот народ, за моите сонародници - Евреите. Кога тоа би можело да ги спаси, би се согласил јас да бидам проколнат и откинат од Христос! 4 Израелците се Божји одбран народ. Бог ним им ја откри Својата слава и со нив склучуваше завети. Ним им беше даден Божјиот Закон, ним им беше доверено да служат во храмот, ним им беа дадени ветувањата. 5 Од нив потекнуваат патријарсите, од нив потекнува и Христос, по тело, а Тој е Бог, Кој владее над се - благословен нека биде за вечни векови! Амин.
6 Не се работи за тоа дека Бог не си го одржал зборот спрема Евреите. Но не е вистински Евреин секој што по потекло е Евреин. 7 Не се сите потомци на Авраам негови вистински наследници, туку Светото Писмо вели: „Оние што се потомци на Исак ќе се сметаат за твои наследници[a].“ 8 Тоа значи дека не се Божји деца сите што се биолошки потомци на Авраам. Вистинските потомци на Авраам се децата што беа родени според ветувањето што го беше дал Бог. 9 А тоа ветување гласеше: „Следната година, во ова време јас ќе се вратам и Сара ќе има син[b].“
10 Тој син беше Исак, кој подоцна се ожени со Ревека[c]. И кај нивните деца се покажа Божјиот избор. Ревека зачна близнаци од нашиот предок Исак. 11 Но изборот меѓу нив го изврши Бог, согласно со Своите планови. Уште пред да се родат близнаците и да сторат нешто добро или зло, 12 Бог и рече на Ревека: „Потомците на постариот син ќе им служат на потомците на помладиот син[d].“ Изборот не беше резултат на нивни заслуги, туку зависеше само од Оној што одбираше, од Бог.
13 Токму затоа Бог во Светото Писмо вели: „Јакова го засакав, а Исава го отфрлив[e].“
Бог не е несправедлив
14 Значи ли ова дека Бог е неправеден? Никако! 15 На Мојсеј Бог му рече:
„Спрема кого сакам ќе имам милост,
спрема кого сакам ќе се сожалам[f].“
16 Значи, Божјиот избор е резултат на Неговата милост, а не е заслуга на оние што сакале или пак на оние што вложувале сопствени напори.
17 Светото Писмо кажува дека Бог вака му рече на фараонот: „Те направив цар, за да се покаже над тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата Земја[g].“ 18 Значи, спрема кого сака Бог ќе се смилува, а кого сака ќе го остави тврдоглав.
60 Кога го слушнаа тоа, голем број од следбениците на Исус рекоа: „Тешко е ова учење; кој може да го слуша!?“
61 Свесен дека Неговите ученици мрморат за тоа, Исус им рече: „Зар ова ве натера да потклекнете!? 62 А што, ако Ме видите Мене, Синот Човечки, како се искачувам на небото, каде што бев порано!? 63 Духот е Тој што дава живот, а не човечкото тело. Зборовите што ви ги кажав се од тој животодавен Дух[a]. 64 Но меѓу вас има некои што не веруваат.“ Исус го рече ова, зашто од почетокот знаеше кои се тие што не веруваат и кој ќе Го предаде. 65 Потоа им рече: „Затоа ви реков дека никој не може да дојде кај Мене, ако тоа не му е овозможено од небесниот Татко.“
66 Од тој момент многумина од Неговите ученици Го напуштија и престанаа да одат со Него.
67 Тогаш Исус им рече на Дванаесеттемина: „Ако сакате, можете и вие да си заминете“.
68 Симон Петар Му одговори: „Господе, кај кого да одиме? Твоите зборови носат вечен живот! 69 Ние веруваме во Твоите зборови и знаеме дека Ти си Светецот, Кој ни дојде од Бога.“
Невера меѓу Своите родени браќа
70 Исус, пак, им одговори: Нели Јас ве избрав вас дванаесеттемина? Па сепак, еден од вас е ѓавол.“ 71 Тоа го рече за Јуда, синот на Симон Искариот, еден од дванаесеттемина, кој имаше намера да Го предаде.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest