Book of Common Prayer
12 Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво! 13 Пред Бог, Кој му дава живот на се што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам 14 беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.
15 Бог е нашиот единствен Владетел,
Цар на царевите и Господар на господарите.
Во определеното време Тој
пак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.
16 Само Бог е бесмртен.
Тој живее во светлина
во која никој не може да Му пријде!
Човечко око не Го видело, ниту може да Го види.
Сета почит и власт Му припаѓаат Нему. Амин!
Исус го расчистува Храмот
(Мк. 11:15-19; Лк. 19:45-48; Јвн. 2:13-22) 12 Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите кои купуваа и продаваа во храмот. Им ги преврте масите на менувачите на пари и тезгите на продавачите на гулаби, 13 и им рече: „Во Светото Писмо пишува дека Бог рекол:
,Мојот храм нека биде место за молитва[a].‘
А вие го претворивте во разбојничко дувло!“
14 Во храмот Му доаѓаа на Исус слепи и сакати и Тој ги исцелуваше. 15 Но свештеничките поглавари и вероучителите се разгневија кога ги видоа чудата што Исус ги правеше и радосните извици на децата во храмот кои извикуваа: „Спаси не сега[b], Давидов Сине!“ 16 И Му рекоа: „Слушаш ли што извикуваат децата!?“ А Исус им одговори: „Да! Зар во Псалмите не сте го читале ова: ,Усните на малите деца и на доенчињата ќе Ти оддаваат слава, Господе[c]!?‘“
17 Тогаш Исус ги остави и излегувајќи од градот дојде во Бетанија, каде што и ноќеваше.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest