Book of Common Prayer
Раѓањето на Исус, Месијата
18 А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф; но, уште додека таа беше девица, преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете. 19 Тогаш нејзиниот свршеник Јосиф, кој беше праведен човек и не сакаше јавно да ја посрами, реши во тајност да ја остави. 20 Но токму кога науми да го стори тоа, насон му се јави ангел Господов и му рече: „Јосифе, чедо Давидово, не плаши се да ја земеш Марија за жена, зашто Детето зачнато во неа е од Светиот Дух. 21 Таа ќе роди Син на кој ќе Му дадеш име Исус[a], зашто Тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови.“
22 А сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија: 23 „Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод значи ,Бог е со нас.‘“
24 Кога стана од спиење, Јосиф постапи така како што му беше наредил ангелот Господов, и ја зеде Марија за своја жена. 25 Но Јосиф ја запази Марија како девица, се додека таа не роди Син[b], на кој тој Му даде име Исус.
Молитва за духовна сила
14 Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко[a], 15 Создателот на секој род, и на небото и на Земјата. 16 Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи. 17 Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов, 18 за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов. 19 Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.
20 А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме, 21 нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња! Амин!
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest