Book of Common Prayer
Светиот Дух доаѓа на помош
8 Затоа тие што се под закрила на Исус Христос нема да бидат осудени, 2 бидејќи со посредство на Исус Христос, силата[a] на животодавниот Дух ве ослободи од силата[b] на гревот, која води во смрт. 3 Мојсеевиот Закон не можеше да не спаси, поради грешната човекова природа. Но тоа што не можеше да го стори Законот, го направи Бог. Тој Го испрати Својот Син во тело слично на грешните човечки тела. Жртвувајќи Го Својот Син за нашите гревови, Бог ја уништи власта што гревот ја имаше во нас. 4 Така, она што Законот со право го бараше, беше исполнето за нас, кои не се раководиме според телесната природа, туку според водството на Духот.
5 Луѓето што се раководат според својата телесна природа мислат само на телесни работи, додека оние што допуштаат да ги води Божјиот Дух, мислат на духовни работи и се стремат кон нивно остварување. 6 Но раководењето според телесната природа води во смрт, а раководењето според Божјиот Дух донесува живот и мир. 7 Умот што се раководи од телесната природа е непријателски настроен спрема Бог. Тој не му се покорува на Божјиот Закон. Не може да му се покори. 8 Луѓето што се раководат од својата телесна природа не можат да Му угодат на Бог.
9 Но вие не се раководите според телесната природа, туку според водството на Духот, ако во вас навистина живее Божјиот Дух. (Ако некој Го нема во себе Духот на Христос, таквиот човек воопшто и не е христијанин!) 10 Ако, пак, Христос живее во вас, тогаш, навистина, вашето тело ќе мора да умре[c] поради гревот, но вашиот дух ќе живее, затоа што сте оправдани пред Бог. 11 Ако навистина Божјиот Дух, Кој Го воскресна Исуса, сега живее во вас, тогаш Тој Дух ќе ги оживее и вашите смртни тела, онака како што Го воскресна Христос од мртвите.
27 Престанете да се грижите само за храната што се расипува! Погрижете се за храната што дава вечен живот, која ќе ви ја дадам Јас, Синот Човечки, затоа што, Бог, небесниот Татко, Ми го даде тоа право!“
28 „Што треба да правиме, за да го исполниме она што Бог го бара од нас?“ - го прашаа тие.
29 Исус им одговори: „Бог бара од вас да верувате во Оној што Тој Го прати.“
30 Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш? 31 Нашите предци јадеа мана[a] во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“
32 Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото. 33 Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“
34 „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“
35 Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни. 36 Но ви реков дека, иако Ме видовте, сепак не верувате во Мене. 37 Секој што Ми е даден од Татко Ми, ќе дојде кај Мене, а Јас нема да одбијам ниту еден од оние што доаѓаат кај Мене. 38 Јас не слегов од небото за да ја вршам Својата волја, туку да ја вршам волјата на Бог, Кој Ме прати. 39 А волјата на Бог, Кој Ме прати е да не изгубам ниту еден од оние што Тој ми ги даде, туку на крајот сите да ги воскреснам за вечен живот. 40 Волјата на Мојот небесен Татко е: секој што го гледа Синот и верува во Него, да има вечен живот и на крајот Јас да го воскреснам.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest