Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Jer for the version: Macedonian New Testament
Римјаните 7:1-12

Христијаните не подлежат под Мојсеевиот Закон

Драги христијани! Овие зборови им ги упатувам на поборниците на Мојсеевиот Закон. Не знаете ли дека кој и да е закон има моќ над луѓето само додека се живи? На пример, омажената жена е со закон врзана за својот сопруг, додека е тој жив. Ако тој умре, таа е ослободена од законската обврска. Кога таа би заживеала со друг маж, додека нејзиниот сопруг е се уште жив, таа би била сметана за прељубница. Но ако сопругот и умре, таа е ослободена од законската обврска, и ако се омажи за друг човек, нема да биде сметана за прељубница.

Така е и со вас, драги христијани. Вие не подлежите под старозаветниот Закон даден преку Мојсеј, затоа што Христовата смрт значеше и ваша смрт. Бидејќи Христос воскресна, вие сте сега сврзани со Него, а не со старозаветниот Закон. Тоа ви овозможува да бидете плодоносни и полезни за Бог. Додека со нас владееше нашата стара природа, грешните страсти дејствуваа во нас. Законот ги побудуваше тие грешни страсти и како последица на тоа произлегуваа грешни дела што би не одвеле во смрт. Сега сме ослободени од Законот, откако со Христос умревме за силата што не држеше заробени. Можеме да Му служиме на Бог не на стариот начин, со тоа што ќе му се покоруваме на словото на Законот, туку на нов начин, така што ќе Му се покоруваме на Духот[a].

Улогата на Божјиот Закон

Што значи тоа? Дали Божјиот Закон е лош? Се разбира, не! Зашто да не беше Законот, јас немаше да знам дека сум грешен. Ако Законот не кажуваше: „Не посакувај туѓо[b]!“ немаше да знам дека е лошо да се посакува туѓото. Од друга страна, гревот ја искористи можноста, па преку таа заповед во мене поттикна најразлични грешни желби. Значи, без Законот гревот не би бил делотворен!

И јас порано живеев без Законот. Но кога се соочив со заповедта, наеднаш, гревот оживе! 10 Сфатив дека сум осуден на смрт! Така заповедта, чија цел беше да ми даде живот, ми донесе смртна казна! 11 Гревот ја искористи можноста и преку таа заповед[c] ме измами, ме прогласи виновен, осуден на смрт. 12 Законот си е свет. Таа заповед е света, праведна и добра.

Јован 6:1-15

Исус нахранува над пет илјади души

(Матеј 14:13-21; Марко 6:30-44; Лука 9:10-17) По ова, Исус отиде од другата страна на Галилејското Езеро (или како што поинаку се нарекува - Тибериско[a] Море). Многуброен народ постојано Го следеше, бидејќи ги гледаше чудата на исцелување што Тој ги правеше над болните. Исус се искачи на планината и таму седна со Своите ученици. Наскоро доаѓаше еврејскиот празник Пасха.

Кога Исус го подигна својот поглед и забележа дека многуброен народ доаѓа кај Него, му се обрати на Филип: „Каде да купиме леб за да ги нахраниме луѓево?“ Исус го рече ова за да види што ќе му одговори Филип, бидејќи Исус знаеше што ќе прави.

„За да добие секој од нив барем по едно залаче, ќе треба да купиме леб за повеќе од двесте денарии[b]!“ - одговори Филип.

Тогаш Андреј, еден од Исусовите ученици и брат на Симон Петар, Му рече: „Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку многу народ!?“

10 „Кажете им на луѓето да седнат“ - рече Исус. На тоа место имаше многу трева, па луѓето испоседнаа, а на број беа околу пет илјади, сметајќи ги само мажите. 11 Тогаш Исус ги зеде лебовите, и откако Му заблагодари на Бог, им ги раздели на поседнатите луѓе, а им раздели и од рибите, на секој колку што сакаше.

12 Кога народот се најаде, Исус им рече на Своите ученици: „Соберете ги парчињата што останаа, ништо да не пропадне.“ 13 Од петте јачменови лебови, тие собраа и наполнија дванаесет кошници со парчиња што им останаа на луѓето кои јадеа.

14 Кога го видоа чудото што Исус го направи, луѓето говореа: „Овој навистина е Пророкот чие доаѓање на светот ни беше предвестено!“

15 Но, Исус, кога дозна дека наумиле сосила да Го зграпчат и да Го прогласат за цар, повторно се повлече сам во гората.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest