Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Лука 14

Уште едно исцелување во сабота

14 Една сабота, Исус дојде на ручек во куќата на еден фарисеј, член на Големото собрание. Сите присутни Го држеа Исуса на око. Тогаш на Исус Му пристапи еден човек со отоци на рацете и нозете, а Исус им се обрати на учителите на верскиот Закон[a] и на фарисеите, па ги праша: „Дали е во согласност со Законот да се врши исцелување и во сабота, или не?“ Тие молчеа. Тогаш Исус го допре болниот и го исцели, испраќајќи го здрав. Потоа им се обрати ним: „Ако ви се случи синот или некое ваше добиче да падне в бунар во сабота, нема ли веднаш да го извадите, иако е сабота?“ Но тие и на ова не можеа ништо да Му одговорат.

Понизност и гостољубивост

Исус забележа дека некои од гостите ги одбираа почесните места за седење, па им го кажа следниов совет: „Кога некој ќе те покани на свадба, не седнувај веднаш на почесното место, за да не дојде некој поважен од тебе, па домаќинот што ве поканил и тебе и него, да дојде и да ти рече: ,Отстапи му го местото на овој гостин‘, а ти посрамотен да мораш да седнеш на последното место. 10 Туку, кога си поканет, оди и седни си на последното место, па кога домаќинот ќе дојде, да ти каже: ,Пријателе, дојди наваму, на подобро место!‘ Така ќе бидеш почестен пред сите присутни. 11 Зашто секој што самиот се возвишува, ќе биде понижен, а кој ќе се однесува понизно, ќе биде возвишен.“

12 Тогаш Исус му рече на домаќинот: „Кога покануваш луѓе на ручек или на вечера, не поканувај ги пријателите, браќата или роднините, ниту пак богатите соседи, зашто потоа и тие ќе те поканат тебе и со тоа ќе ти возвратат за честа. 13 Туку, на своите гозби поканувај сиромаси, сакати, куци и слепи. 14 Така ќе бидеш благословен, зашто тие не се во состојба да ти возвратат. Но ќе ти биде возвратено на денот кога праведниците ќе воскреснат.“

Споредба со Големата вечера

(Матеј 22:1-10) 15 Кога го чу ова еден од оние што седеа на трпезата, Му рече на Исуса: ,Блазе на оние што ќе седат на трпеза во Божјото царство!‘ 16 А Исус му одговори со следнава споредба:

„Си беше еднаш еден човек, кој приготви голема вечера и им упати покани на голем број гости. 17 Кога дојде времето за вечерата, тој го испрати својот слуга да ги повика гостите, велејќи им: ,Дојдете, сe е подготвено!‘ 18 Но сите тие, еден по друг, почнаа да се изговараат. Првиот му рече: ,Купив нива и морам да одам да ја видам; прости, но не можам да дојдам.‘ 19 Вториот му рече: ,Купив пет ѕевгари волови и морам да одам да ги испробам; прости, но не можам да дојдам.‘ 20 Третиот му рече: ,Штотуку се оженив и не ќе можам да дојдам.‘

21 Слугата се врати дома и му раскажа сe на својот господар. Домаќинот многу се налути и му рече на својот слуга: ,Оди бргу по раскрсниците и по градските улици и доведи ги сиромасите, куците, слепите и сакатите!‘ 22 Набргу, слугата го извести: „Господару, направено е сe како што заповеда, но има уште слободни места!‘ 23 Тогаш господарот му рече на слугата: ,Излези по патиштата и меѓу оградите и поттикни ги луѓето да дојдат, за да ми се наполни куќата! 24 Ве уверувам, дека, ни еден од оние што беа поканети на почетокот, нема да вкуси од мојата вечера!‘“

Да бидеш Христов следбеник има своја цена

(Матеј 10:37-38) 25 По Исус врвеше голема толпа луѓе и Тој им се обрати со зборовите:

26 „Никој не може да дојде кај Мене и да стане Мој ученик, ако не Ме сака повеќе од татка си, мајка си, жената, децата, браќата и сестрите, па и од својот сопствен живот! 27 Кој не го носи својот крст и не оди по Моите стапки - не може да биде Мој ученик.

28 Кога некој од вас сака да изгради кула, не седнува ли прво да пресмета дали ќе има доволно пари да ја заврши градбата? 29 Во спротивно, може да започне со темелите и да заклучи дека не може да продолжи, па сите што ќе видат ќе му се подбиваат, велејќи: 30 ,Овој човек почнал да ѕида нешто што не може да го доврши!‘

31 Кога некој цар се готви за војна против друг цар, не седнува ли најпрво да се преиспита, дали со своите десет илјади војници ќе може да му се противстави на оној што го напаѓа со дваесет илјади војници? 32 Ако заклучи дека не може, тој ќе испрати гласници уште додека другиот цар е далеку, и ќе моли за примирје.

33 Значи, никој не може да стане Мој ученик додека не Ме стави Мене пред сe друго што има.“

Суштинската улога на христијаните

(Матеј 5:13; Марко 9:50) 34 „Солта е добра, но ако таа стане блутава, со што ќе се осоли? 35 Таква не би била добра ни за почвата, ни за ѓубривата, па се исфрла надвор. Ако имате уши, слушајте внимателно!“

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 15

Суштината на Радосната вест

15 Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата. Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, доколку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера.

Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо; беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо. Воскреснатиот Христос му се јави на Петар[a] и на дванаесетте апостоли, а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници[b] заедно, од кои повеќето се уште се живи, иако некои веќе починаа. Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли. Најпосле, по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче. Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата Црква.

10 Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене. 11 Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли. Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.

За воскресението на мртвите

12 Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат? 13 Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал! 14 А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера! 15 Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос! 16 Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат. 17 Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови! 18 Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати! 19 Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!

20 Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.

21 Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. 22 Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат[c], 23 но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници. 24 Потем ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог. 25 Зашто Христос ќе владее се додека не ги собори и згази сите Свои непријатели. 26 Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта. 27 Кога Светото Писмо вели: „Се ќе покори под Своите стапала,“ јасно е дека тоа не Го вклучува Бога, зашто Бог е Тој што ќе покори се и ќе Му го потчини на Христос. 28 Кога се ќе биде под власта на Божјиот Син, тогаш Самиот Тој ќе Му се потчини на Бог, Кој претходно Нему Му потчини се. Така Бог целосно ќе владее над се.

29 Ако нема воскресение за мртвите, тогаш што сакаат да постигнат луѓето што се крштаваат заради нив? Зошто се крштаваат во името на мртвите, ако нема воскресение на мртвите!?

30 Зошто ние секој миг се изложуваме на опасности?

31 Зошто јас секојдневно се соочувам со смртта? Ви се колнам дека е така, ви се колнам во она со што многу се гордеам пред нашиот Господ Исус Христос, а тоа е што вие станавте христијани. 32 Ако во Ефес се борев со диви ѕверови надевајќи се само на она на што се надеваат обичните луѓе, каква корист ќе имам од тоа? Ако нема воскресение за мртвите, тогаш:

„Да јадеме и да пиеме,

зашто и онака наскоро ќе умреме[d]!“

33 Не дозволувајте да ве залажат оние што така велат, зашто: „Лошото друштво го уништува добриот карактер!“ 34 Вразумете се како што треба, и престанете да грешите! Простете што ќе ви го кажам ова, но треба да се засрамите, што некои од вас се уште не Го познаваат Бога!

За новите воскреснати тела

35 Некој од вас ќе праша: „Како ќе воскреснат мртвите? Какви тела ќе имаат?“ 36 Размислете разумно: кога сеете некое семе, тоа најпрво умира, а потоа од него израснува живо растение. 37 Она што го сеете е голо зрно пченица или нешто друго. Семето изгледа сосема различно од растението што подоцна ќе изникне.

38 На секое посејано семе Бог му дава тело какво што Тој сака. Секое си има свое сопствено тело. 39 А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите.

40 Постојат и небесни и земни тела, но славата на небесните тела е различна од убавината на земните тела.[e] 41 Сјајот на Сонцето се разликува од сјајот на Месечината; поинаков е, пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите меѓусебно се разликуваат по својот сјај.

42 Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело. 43 Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело. 44 Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело.

45 Во Светото Писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот. 46 Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното. 47 Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото. 48 Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја. Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото. 49 Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на Човекот што потекнува од небото.

50 Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се распадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство.

51 Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, но сите ќе бидеме преобразени. 52 Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела. 53 Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно.

54 Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо:

„Смртта е уништена и победата е целосна[f]!“

55 „О, смрт, каде е твојата победа?

О, смрт, каде е твоето осило[g]?“

56 Гревот е осилото на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот Закон. 57 Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.

58 Затоа, драги пријатели христијани, бидете цврсти и непоколебливи, секогаш подготвени да го унапредувате делото Господово, свесни дека тоа што го работите за Господ нема да биде попусто.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest