M’Cheyne Bible Reading Plan
Споредба со загубената овца
(Матеј 18:12-14) 15 Голем број наплатувачи[a] на данок и други отпадници доаѓаа да Го слушаат Исус. 2 А фарисеите и учителите по верски Закон почнаа да негодуваат, велејќи: „Овој човек се спријателува со отпадници, па и заедно со нив јаде!“ 3 Тогаш Исус им ја кажа оваа споредба:
4 „Ако некој од вас има сто овци и една од нив се загуби во пустината, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да тргне по загубената, сe додека не ја најде? 5 А кога ќе ја најде, целиот радосен ја качува на рамото, 6 и ја носи дома. Потоа ги повикува пријателите и соседите и им вели: ,Радосен сум што си ја најдов загубената овца! Ајде да го прославиме тоа заедно!‘ 7 Ве уверувам, дека, на сличен начин, поголема е веселбата на небото за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог, одошто за деведесет и девет праведници на кои не им е потребно покајание!“
Споредба со загубената пара
8 „Ако една жена има низа од десет сребреници и загуби еден од нив, нема ли да запали светло, да ја измете целата куќа и да го бара сребреникот, сe додека не го најде? 9 Па кога ќе го најде, ги повикува пријателките и сосетките и им вели: ,Радосна сум што си го најдов сребреникот! Ајде да го прославиме тоа заедно!‘ 10 Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог.“
Споредба со бунтовниот син
11 Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина. 12 Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот. 13 По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат. 14 Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија. 15 Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите. 16 Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17 Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам! 18 Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог[b] и тебе! 19 Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘ 20 Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна. 21 Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘ 22 Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете! 23 Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова, 24 зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.
25 Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, 26 па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. 27 ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘
28 Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. 29 Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите. 30 А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘
31 Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое. 32 Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“
Доброволни прилози за ерусалимската црква
16 А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас. 2 Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам. 3 Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма. 4 Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.
Завршни упатства
5 Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија. 6 Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување. 7 Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време. 8 Ќе останам во Ефес се до Духовден[a], 9 зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.
10 Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас. 11 Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.
12 Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.
13 Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни. 14 Се што работите нека биде со љубов.
15 Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните. 16 Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.
17 Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас. 18 Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.
Поздрави
19 Ве поздравуваат црквите од покраината Азија[b]. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од се срце ве поздравуваат. 20 Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно[c] еден со друг.
21 Со своја рака ви пишувам: поздрави од мене, Павле.
22 Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ! Мараната[d] (Дојди Господе!)! 23 Господ Исус нека ви биде благонаклонет. 24 Ве сакам сите што сте следбеници на Исус Христос[e].
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest