Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Јован 2

Првото чудо на Исус

По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја. На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици. Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“

„Зошто ме вовлекуваш во ова[a], жено?“ - и одговори Исус. „Моето време[b] се уште не е дојдено!“

Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“

Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80 до 120 литри[c].

„Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.

Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа. Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот, 10 па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“

11 Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо[d], со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.

12 По ова, Исус, мајка Mу, Неговите браќа и Неговите ученици заминаа за Кафарнаум, каде што останаа неколку дни.

Злоупотребата на Храмот

(Матеј 21:12-13; Марко 11:15-17; Лука 19:45-46)13 Наближуваше еврејскиот празник Пасха па Исус се искачи[e] во Ерусалим. 14 Таму, пред храмот, Тој затекна продавачи на говеда, овци и гулаби, и менувачи на пари.

15 Откако си направи камшик од јаже, ги избрка сите надвор, заедно со овците и говедата, а на менувачите им ги истури парите и им ги испреврте масите. 16 На продавачите на гулаби им рече: „Изнесете ги одовде! Престанете да го претворате Домот на Мојот Татко во пазариште[f]!“

17 Неговите ученици се сетија дека во Светото Писмо пишува: „Ревноста кон Божјиот Дом Ме изеде[g]!“

18 По тој повод, еврејските верски водачи Му се обратија со прашањето: „Со каков чудотворен знак ќе ни докажеш дека имаш овластување да го правиш ова?“

19 Исус им одговори: „Разурнете го овој храм и Јас за три дена ќе го подигнам!“

20 Тогаш еврејските водачи Му рекоа: „Овој храм бил граден четириесет и шест години, а Ти би го подигнал за три дена!?“ 21 Но, Тој им зборуваше за Своето тело како храм. 22 Затоа, кога воскресна од мртвите, Неговите ученици си спомнаа на тоа што го рече, па поверуваа во Светото Писмо и во зборовите на Исус.

Исус ја познава природата на човекот

23 Додека Исус беше во Ерусалим, за време на празникот Пасха, многумина поверуваа дека Тој е Месијата, гледајќи ги чудата што ги правеше. 24 Самиот Исус, пак, не им се доверуваше, затоа што Тој ги познаваше сите. 25 Немаше потреба некој да му кажува за луѓето, зашто Тој знаеше што се крие во нивните срца.

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
2 Коринќаните 11

ОДЛИКИ НА ВИСТИНСКИТЕ АПОСТОЛИ

11 Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме! Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве ‚свршив‘ за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица, но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна[a] и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева. Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака!

Јас не се сметам за помалку вреден од тие ‚супер апостоли‘. Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.

1) Работа без наплаќање

Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам? Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви. Живеев на нивни товар, за да ви служам вам. Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар. 10 Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја! 11 Зошто го велам ова? Зар затоа што не ве сакам? Бог знае дека искрено ве сакам.

12 Ќе продолжам и во иднина да работам онака како што работев и досега, за да не им дадам можност на тие други ‚апостоли‘ да се изедначуваат со нас и да се фалат дека се исти како нас. 13 Тие се лажни апостоли! Се служат со измами и се преправаат во апостоли на Христос. 14 Немојте да се чудите на ова! И самиот Сатана може да се преправа во ангел на светлината! 15 Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници на праведноста. Но на крајот тие ќе си ја добијат казната што ја заслужиле со своите зли постапки.

2) Голема пожртвуваност

16 Ќе повторам: не би сакал никој од вас да смета дека сум неразумен! Но ако е веќе така, ислушајте ме како неразумен, па барем да можам малку сам себеси да се пофалам! 17 Самофалбата е нешто што Господ не го сака и затоа се чувствувам неразумно. 18 Но кога веќе толку многу луѓе се фалат со своите човечки достигања, ќе се пофалам и јас. 19 Впрочем, иако вие се сметате за мудри, со задоволство ги слушате неразумните! 20 Не ви пречи кога некој ве третира како робови, ве искористува, ве ограбува, ве понижува и ви удира шлаканици! 21 Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни!

Знам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас. 22 Тие биле Евреи! Па и јас сум! Биле Израелци! Па и јас сум! Биле потомци на Авраам! Па и јас сум! 23 Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт! 24 Петпати сум камшикуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик! 25 Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море. 26 Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен сум на опасности од лажни пријатели[b]. 27 Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.

28 И покрај се што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви. 29 Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?

30 Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ. 31 Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам. 32 Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси. 33 Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец, и така му побегнав.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest