Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Лука 4

Сатаната го искушува Исуса

(Матеј 4:1-11; Марко 1:12-13) Исус се врати од реката Јордан исполнет со Светиот Дух. Духот Го одведе во пустината, каде што Ѓаволот Го искушуваше четириесет дена. За сето тоа време Тој не јадеше ништо и на крајот многу огладне. Тогаш Ѓаволот Му рече: „Ако си Ти навистина Божјиот Син, нареди им на камењава да се претворат во лебови!“ Но Исус му одговори: „Светото Писмо вели[a]: ,Човекот не живее само од леб!‘“

Тогаш Ѓаволот Го крена на високо место и за миг Му ги покажа сите царства на Земјата, па Му рече: „Ќе Ти дадам власт над сите нив и сиот нивни раскош, зашто тие мене ми се дадени и јас можам да ги давам кому што сакам! Значи, сево ова ќе Ти припадне Тебе, ако ми се поклониш.“ Исус му одговори: „Светото Писмо вели[b]: ,Поклонувај Му се на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“

Потоа Ѓаволот Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот од Божјиот храм и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу, 10 зашто во Светото Писмо пишува[c]: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат‘, 11 и дека тие ќе Те понесат на своите дланки, за да не си ја сопнеш ногата на камен.“ 12 Исус му одговори: „Но, го пишува[d] и следново: ,Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“ 13 Исцрпувајќи ги сите можни искушенија, Ѓаволот Го остави, очекувајќи друг погоден момент.

Почеток на Христовата служба

(Матеј 4:12-17; Марко 1:14-15) 14 Тогаш Исус се врати во Галилеја, исполнет со силата на Светиот Дух. Набргу Тој стана познат по целиот крај. 15 Тој поучуваше по синагогите[e] и сите Го фалеа.

16 Потоа Исус се врати во Назарет, каде што беше пораснал и, како што имаше обичај, во саботата дојде во синагогата. Таму стана да чита од Светото Писмо. 17 Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија, а Тој ја отвори на местото каде што е напишано[f] следново:

18 „Врз Мене почива Духот на Господ,

зашто Тој Ме назначи[g] да им ја донесам

Радосната вест на бедните,

19 да им навестам ослободување на заробените,

да им го вратам видот на слепите,

да ги ослободам угнетените,

да го прогласам времето на Господовата благонаклоност.“

20 Потоа ја затвори книгата, му ја врати на служителот и седна. Погледите на сите присутни во синагогата беа вперени во Него, 21 па Тој им се обрати: „Делот од Светото Писмо што го чувте, се исполни денес.“

22 Тој остави силен впечаток кај сите и тие се восхитуваа на љубезните зборови што излегуваа од Неговата уста, па се прашуваа: „Зар Овој не е синот на Јосиф?“ 23 Тој им рече: „Вие сигурно би ми ја цитирале поговорката: ,Докторе, исцели се самиот себе!‘, а потоа би барале од Мене да го направам и овде, каде што пораснав, она што сте слушнале дека го направив во Кафарнаум. 24 Но вистина е дека ниту еден пророк не добива признание во своето место на живеење.

25 Еве ја вистината: иако имаше многу гладни вдовици во Израел, во времето на пророкот Илија, кога три и пол години владееше суша по целата земја, 26 сепак, Илија не беше испратен кај ниедна од Израел, туку кај една вдовица во Царфат[h], во Сидонската земја. 27 Имаше и многу лепрозни во Израел, во времето на пророкот Елиша, но ниту еден од нив не беше исцелен, туку само Нааман, кој беше од Сирија.“

28 Кога присутните во синагогата го слушнаа тоа, многу се разлутија; 29 па станаа и Го исфрлија Исуса од градот и Го однесоа на врвот од ридот на кој се наоѓаше градот, со намера да Го турнат во бездна. 30 Но Тој успеа да се спровре низ толпата народ и си отиде.

Исусовите дела во Кафарнаум - Истерувањето на демони

(Марко 1:21-28) 31 Потоа Исус замина за Кафарнаум, град во Галилеја, каде што во саботите го поучуваше народот. 32 Луѓето беа одушевени од Неговите поуки, зашто Тој зборуваше со авторитет.

33 Во синагогата[i] имаше еден човек обземен од демон, кој викаше на сиот глас: 34 „Што сакаш од нас, Исусе од Назарет? Зар Си дошол да нe уништиш? Знам Кој си Ти: Ти си Божјиот Светец, испратен од Бог!“ 35 Исус му заповеда: „Замолкни и излези од него!“ Демонскиот дух го кутна човекот наземи пред очите на сите и излезе од човекот, не повредувајќи го. 36 Луѓето беа стаписани и си говореа еден со друг: „Какви моќни зборови, полни со власт и сила да им се заповеда на демони и тие да излегуваат!“ 37 По ова, веста за Исус се разнесе низ сите околни места.

Исус ја исцелува тештата на Петар и други

(Матеј 8:14-17; Марко 1:29-34) 38 Исус си замина од синагогата и дојде во куќата на Својот ученик Симон Петар, каде што неговата тешта лежеше болна и имаше голема треска. Исус беше замолен да ја исцели, а 39 Тој се наведна над неа и со заповед ја ослободи од треската. Жената веднаш стана и почна да ги послужува.

40 На зајдисонце сите што имаа болни од некаква болест ги носеа кај Исус и Тој ги положуваше Своите раце врз нив и сите тие оздравуваа. 41 Од мнозина излегуваа демони, извикувајќи: „Ти си Божјиот Син!“, а Тој им забрануваше да зборуваат, зашто тие знаеја дека Тој е Месијата.

Исус проповеда по цела Јудеја

(Марко 1:35-39) 42 Следниот ден, во мугрите, Исус стана и отиде сам на едно пусто место. Луѓето почнаа да Го бараат и кога Го најдоа Го задржуваа да не си оди, 43 но Тој им рече: „Треба да ја проповедам Радосната вест за Божјото царство и во другите градови, зашто сум испратен за таа цел.“ 44 И проповедаше по синагогите низ цела Јудеја.

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 5

За неморалот на некои „христијани“

Јавено ми е дека кај вас има некој човек што живее во блуд, и тоа таков блуд каков што нема ни меѓу паганите: блудство со својата маќеа[a]! А вие, наместо да жалите - се гордеете! Треба да го отстраните од вашата средина тој што прави такво нешто!

Иако јас сум физички отсутен, со духот[b] сум меѓу вас. Јас веќе пресудив за тој што направил такво нешто, исто како да сум присутен. Треба да се соберете во името на нашиот Господ Исус Христос, а со вас ќе биде и мојот дух, па со силата на нашиот Господ Исус Христос, да го исклучите тој човек од црквата, препуштајќи го во рацете на Сатаната! Така тој телесно ќе биде казнет[c], за да биде спасен неговиот дух на Денот кога Господ ќе се врати.

Не е добро што се фалите колку сте духовни, а дозволувате во вашата средина да се случуваат вакви работи! Зар не знаете дека е доволно само малку квасец, за да го скисне целото тесто[d]? Така е и со гревот. Исчистете се од стариот квасец, односно, од гревот! Тогаш ќе бидете ново тесто, замесено без квасец. Вие сте токму тоа, бидејќи нашето пасхално Јагне, Христос, беше веќе жртвувано за нас. Немојте да го славите празникот Пасха со ,стариот квас‘, односно, така што ќе продолжите да бидете лоши и расипани, туку со ,бесквасен леб‘, односно, со искреност и духовна чистота. Бидете чисти и искрени, па прославете го со ,леб без квасец‘.

Во моето претходно писмо ви напишав да се држите настрана од луѓе што се впуштаат во блуд. 10 Притоа не мислев на луѓе кои се уште не се христијани, а живеат во блуд. Кога би требало да се држите настрана од сите што во овој свет се неморални, алчни, лажговци и што им се поклонуваат на разни идоли, би требало сосема да го напуштите овој свет! 11 Мислев на луѓето што се нарекуваат христијани, а сепак прават блуд, или се алчни, или им се поклонуваат на идоли, или ги навредуваат другите, или се опиваат или мамат. Со такви немојте дури заедно ни да јадете!

12 Зар е моја работа да судам за оние што се надвор од црквата? Не треба ли и вие најнапред да се грижите какви се оние што се внатре во црквата? 13 На оние што се надвор, Бог ќе им суди, а нам Светото Писмо ни порачува:

„Отстранете го од вашите редови секој што е зол[e]!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest