Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Марко 12

Алегорија со лошите лозари

(Мт. 21:33-46; Лк. 20:9-19) 12 Тогаш Исус им ја кажа оваа споредба:

„Еден човек си насади лозје, го загради со плот, ископа јама за гмечење на грозјето и изгради чуварска кула. Потоа им го даде лозјето под наем на лозарите, а тој замина на пат. Кога дојде време за гроздобер, тој испрати еден од своите слуги кај лозарите, за да му го донесе делот од бербата што му припаѓа како надомест. Но лозарите го фатија, го натепаа и го избркаа со празни раце. Тој повторно им испрати друг слуга, но тие го изудрија по главата и го изнавредија. Им испрати и трет слуга, но тие го убија. Потоа испрати и многу други слуги, но лозарите едни од нив претепаа, други убија.

Му остана уште само еден: неговиот син-љубимец. На крајот им го испрати и него, сметајќи дека ќе имаат почит спрема него. Но лозарите си рекоа меѓу себе: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ И го фатија, го убија, а телото му го исфрлија надвор од лозјето. Што мислите, што ќе направи сопственикот на лозјето? - Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе им го даде на други лозари!

10 Зар не сте го читале ова во Светото Писмо:

,Каменот што ѕидарите го отфрлија

стана камен-темелник!

11 Тоа го направи Господ -

како прекрасна глетка пред нашите очи[a]!‘“

12 Еврејските водачи сфатија дека оваа споредба се однесува на нив и сакаа да Го уапсат, но се плашеа од народот. Затоа Го оставија и си заминаа.

За плаќањето данок

13 Потоа испратија кај Исус некои од фарисеите и од иродовците за да Го фатат да каже нешто за што ќе можат да Го обвинат. 14 Доаѓајќи кај Него, му Го рекоа следново: „Учителе! Знаеме дека си чесен, дека не си пристрастен спрема никого и дека на луѓето им ја кажуваш вистината за Божјиот пат. Кажи ни, право ли е да му плаќаме данок на римскиот император, или не?“

15 Исус го проѕре нивното лукавство, па им одговори: „Зошто сакате да Ми поставите стапица? Дајте Ми еден римски денариј да го видам!“ 16 Кога Му подадоа, Тој ги запраша: „Чиј лик и име се втиснати на парава?“ „На императорот!“ - му одговорија тие.

17 Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога тоа што Му припаѓа на Бога!“

Прашања за воскресението на мртвите

(Мт. 22:23-33; Лк. 20:27-40) 18 Тогаш кај Исус дојдоа некои садукеи[b] (тие тврдат дека нема да има воскресение на мртвите) и Го прашаа: 19 „Учителе! Мојсеј ни пропишал дека, доколку некој маж умре и остави зад себе вдовица без деца, живиот брат е должен да ја земе братовата вдовица за жена и да му подигне потомство на својот починат брат. 20 Си беа седуммина браќа, од кои првиот се ожени и умре без да има деца. 21 Вториот брат се ожени со вдовицата на својот починат брат, но и тој умре без деца. Истото се случи и со третиот брат. 22 Ниту еден од седумтемина не остави потомство. На крајот умре и жената. 23 Кога ќе воскреснат од мртвите, чија жена ќе биде таа, со оглед на тоа што им била сопруга на сите седум браќа!?“

24 Исус им одговори: „Вие сте во заблуда, бидејќи не го знаете учењето на Светото Писмо! А не ја знаете ни Божјата сила! 25 Кога луѓето ќе воскреснат од мртвите нема да бидат ни женети ни мажени. Тие ќе бидат како ангели на небото. 26 А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте читале во Мојсеевите книги за тоа како Бог му се јави на Мојсеј во разгорената грмушка и му рече: ,Јас Сум Бог на Кој Му служат Авраам, Исак и Јаков[c]!‘ 27 Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Бог не е Бог на мртвите, туку на живите! Вие сте во голема заблуда!“

Најважната заповед

(Мт. 22:34-40; Лк. 10:25-28) 28 Тогаш кај Исус дојде еден вероучител, кој ја слушаше претходната расправа. Согледувајќи дека Исус добро им одговори на садукеите, Го праша: „Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“

29 Првата најважна заповед гласи: ,Слушајте Израелци: Вие имате само еден Господ и Бог! 30 Сакајте Го Господ, вашиот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја снага[d]!‘

31 Втората заповед е слична на првата, и гласи: ,Сакај го својот ближен како самиот себе!‘ Други заповеди, поважни од овие, нема.

32 Вероучителот рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека има само еден Бог. 33 Да се сака Бог со сето срце, разум и снага и да се сака ближниот како самиот себе е повредно од секаков вид жртва!“

34 Кога Исус виде дека човекот даде умен одговор, му рече: „Не си далеку од Божјото царство!“

По ова, на Исус никој повеќе не се осмели да му поставува прашања.

Идентитетот на Месијата

(Мт. 22:41-46; Лк. 20:41-44) 35 Подоцна, додека поучуваше во храмот, Исус рече: „Како можат вероучителите да тврдат дека Месијата му е син[e] на Давид, 36 кога самиот Давид, поттикнат од Светиот Дух, рекол:

,Му рече Јахве[f] на мојот Господ:

- Седни од Мојата десна страна,

додека не ги соборам Твоите непријатели

под нозете Твои!‘

37 Ако самиот Давид Го нарекол Месијата свој Господ, како тогаш Месијата може да му биде син!?“

Многубројниот народ со одушевување го слушаше учењето на Исус.

Исус ги критикува верските водачи

(Мт. 23:1-36; Лк. 20:45-47) 38 Продолжувајќи да поучува, Исус рече: „Пазете се од вероучителите! Тие уживаат да се шетаат во долги мантии и да бидат поздравувани на јавните места. 39 Ги сакаат челните места во храмовите[g] и почесните места на гозбите. 40 Тие им го изедуваат имотот на вдовиците, а божем се молат со долги молитви! Тие ќе бидат најстрого судени!“

Прилогот на една вдовица

(Лк. 21:1-4) 41 Исус седна во храмот спроти ковчежето за доброволни прилози и ги набљудуваше луѓето како пуштаат пари во него. Забележа дека голем број богати луѓе ставаа големи суми пари. 42 Дојде и една сиромашна вдовица и пушти две парички[h]. 43 Исус ги повика Своите ученици и им рече: „Ве уверувам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите други! 44 Зашто, сите други дадоа од својот вишок, а таа даде од својата немаштија; даде сe што имаше, целата своја издршка.“

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
Римјаните 12

Свет и богоугоден живот

12 Драги пријатели христијани, имајќи ја предвид Божјата благонаклоност спрема вас, ве молам да ги принесете своите тела како жива жртва, света и пријатна за Бог. Тоа е најдобриот начин да Му служите. Не сообразувајте се со световните луѓе, туку допуштете Бог однатре да ве преобрази така што Тој ќе го промени начинот на кој размислувате. Тогаш ќе можете да согледате што сака Бог да правите, што е добро, пријатно и совршено.

Како Божји гласник, избран врз основа на Неговата благонаклоност, на секој од вас му порачувам дека за себе не треба да има повисоко мислење одошто заслужува. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност според големината на верата што Бог ви ја дал. Како што ние во своето тело имаме многу органи и секој орган си има своја улога, така е и со Црквата - телото Христово. Сите ние сме органи на „Христовото тело“ и имаме потреба еден од друг.

Бидејќи Бог ни беше благонаклонет, на секој од нас му даде различни дарби. Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува согласно со верата што ја има. Ако е некој надарен да служи, нека служи; ако е надарен да поучува, нека поучува; ако е надарен да ги охрабрува луѓето, нека го прави тоа. Ако е некој дарежлив, нека дава штедро. Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее. Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост.

Сакајте ги луѓето искрено, а не лицемерно. Мразете се што е зло и решително правете добро[a]. 10 Сакајте се срдечно како браќа. Кога се работи за почести, давајте им предност на другите. 11 Бидете ревносни, а не мрзливи. Служете Му на Господ со пламенен дух.

12 Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се. 13 Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви.

14 Ако луѓето ве прогонуваат поради вашата вера во Христос, не колнете ги, туку благословувајте ги. 15 Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат. 16 Трудете се да живеете во меѓусебна слога. Не бидете вообразени, туку дружете се со обичните луѓе. Немојте да мислите дека се знаете[b]!

17 Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро. 18 Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе. 19 Драги пријатели, немојте да се одмаздувате. Препуштете му ја одмаздата на Божјиот гнев. Во Светото Писмо, Господ вели:

„Одмаздувањето е Моја работа.

Јас ќе возвратам[c]!“

20 А ти, напротив, постапувај според учењето на Светото Писмо кое вели:

„Ако твојот непријател е гладен, нахрани го,

ако е жеден, дај му да пие.

Така ќе го засрамиш,

како со вжарени гламни

да си му ја посипал главата[d].“

21 Не дозволувајте злото да ве надвладее, туку вие надвладувајте го злото со добро.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest