Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Exod for the version: Macedonian New Testament
Лука 5

Исус ги повикува првите ученици

(Матеј 4:18-22; Марко 1:16-20) Еднаш, Исус стоеше на брегот на Генисаретското Езеро[a], а луѓето се туркаа кон Него за да ја слушаат Божјата порака. Тој здогледа две бротчиња извлечени на брегот. Рибарите беа излегле да ги чистат своите мрежи. Исус влезе во едно од бротчињата, кое му припаѓаше на Симон[b], и го замоли малку да го оттурне од брегот. Потоа Исус седна на бротчето и започна да го поучува народот.

Кога заврши со говорот, Исус му рече на Симон: „Одвеслај понатаму, во подлабока вода, и фрлете ги мрежите.“ Но Симон Му одговори: „Господару, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но штом Ти заповедаш, ќе ги фрлиме мрежите.“ Кога ги спуштија мрежите уловија толку многу риби, што речиси им се искинаа мрежите. Ги повикаа другарите од другото бротче да дојдат да им помогнат. Тие дојдоа и ги наполнија двете бротчиња со толку риби, што бротчињата речиси потонаа. Гледајќи го ова, Симон Петар падна пред Исуса на колена и рече: „Оди си од мене, Господе; јас сум грешен човек!“ Зашто, голем страв ги беше зафатил и него и оние што беа со него, поради случката со уловените риби. 10 Истото важеше и за другарите на Симон: Јаков и Јован - синови на Завдај. Исус му одговори на Симона: „Не плаши се! Отсега ќе одиш по луѓе, а не по риби.“ 11 Тогаш тие ги извлекоа бротчињата на копното, оставија сe и станаа Исусови следбеници.

Исцелување на еден лепрозен човек

(Матеј 8:1-4; Марко 1:40-45) 12 Еднаш, Исус беше во еден град, кога одненадеж Му пријде еден човек заболен од лепра. Кога Го забележа Исуса, тој падна ничкум пред Него и почна да Го моли: „Господине, ако сакаш, Ти можеш да ме исчистиш[c]!“ 13 Исус ја испружи Својата рака и го допре, велејќи: „Сакам! Биди чист!“ И лепрата веднаш исчезна од него. 14 Исус му нареди никому да не кажува, туку да оди право кај свештеникот за да биде прегледан, а потоа да принесе жртва согласно со Мојсеевиот Закон, како сведоштво за другите. 15 Но вестите за Исус сe повеќе се ширеа и многуброен народ доаѓаше да Го слуша и да биде исцелен од своите болести. 16 Тој, пак, честопати се повлекуваше на пусти места, каде што во осаменост се молеше.

Исус исцелува парализиран човек

(Матеј 9:1-8; Марко 2:1-12) 17 Еден ден, додека Исус поучуваше, меѓу слушателите седеа и некои фарисеи и вероучители[d], дојдени од сите градови на Галилеја и на Јудеја, како и од Ерусалим. Силата Господова Го поттикнуваше Исуса да исцелува болни. 18 И ете, некои луѓе носеа парализиран човек на носила; тие се обидуваа да го внесат човекот внатре, кај Исус. 19 Кога поради големата толпа не успеаја да го внесат внатре, тие се искачија на куќата и преку покривот го спуштија сосе носилата сред народот, пред Исус. 20 Кога Исус виде со колкава вера го прават тоа, му се обрати на парализираниот: „Човеку, гревовите ти се простуваат!“

Кој е овластен да простува гревови?

21 Вероучителите и фарисеите почнаа да си шепотат меѓу себе: „Овој човек е богохулник! Само Бог може да простува гревови и никој друг!“

22 Знаејќи им ги мислите, Исус им рече: „Зошто ви доаѓаат такви зли мисли? 23 Полесно ли е да се каже: ,Гревовите ти се простуваат!‘, или ,Стани и оди!‘? 24 Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки[e], имам власт овде на Земјава да простувам гревови!“ Потоа му се обрати на парализираниот: „Ти наредувам: стани, земи си ја постелата и оди си здрав дома!“ 25 Пред очите на сите, човекот веднаш оздраве, па стана, си ја зеде постелата на којашто лежеше и си отиде дома, славејќи Го Бога. 26 Сите останаа вчудовидени и Го славеа Бога со страхопочит, велејќи: „Чудесни работи видовме денес!“

Повикувањето на Левиј (Матеј)

(Матеј 9:9-13; Марко 2:13-17) 27 Потоа Исус излезе и здогледа еден собирач на данок[f], по име Левиј, кој седеше на даночна тезга, па му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“ 28 Левиј стана и оставајќи сe тргна по Исус.

29 Набргу потоа Левиј приготви голема гозба во својот дом, во чест на Исус, а меѓу гостите, покрај другите луѓе, имаше и многу собирачи на данок. 30 А фарисеите и вероучителите од нивната група почнаа да негодуваат и им рекоа на Исусовите ученици: „Зошто јадете и пиете со собирачи на данок и со други отпадници?“ 31 На ова, Исус им одговори: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните! 32 Јас не дојдов да повикувам праведници на покајание, туку грешници.“

Прашањето за постот

(Матеј 9:14-17; Марко 2:18-22) 33 Тогаш верските претставници Му рекоа на Исус: „Учениците на Јован Крстител редовно постат и се молат, како што прават и учениците на фарисеите, а Твоите ученици јадат и пијат!“ 34 Исус им одговори: „Зар треба да се тераат сватовите да постат, додека младоженецот[g] е со нив? 35 Но еден ден, младоженецот ќе се оддели од нив; тогаш тие ќе постат.“

36 Потоа им ја кажа оваа споредба: „Никој не кине парчиња од нова облека за да закрпи стара облека; зашто, така би се раскинала новата облека, а и новата крпа не би прилегала врз старата облека. 37 И никој не полни ново вино во стари кожни мешини, зашто мешините ќе пукнат[h] од новото вино и виното ќе истече, а и мешините ќе пропаднат. 38 Затоа, ново вино треба да се става во нови мешини. 39 Но никој што пие старо вино не посакува ново вино, туку ќе рече дека старото вино е подобро.“

Error: Book name not found: Job for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 6

За споровите меѓу христијаните

Кога меѓу двајца христијани има некој спор, им прилега ли случајот да го изнесуваат пред световен суд, наместо да побараат помош од други христијани? Зар не знаете дека еден ден, ние, христијаните, ќе му судиме на овој свет? Ако вие треба да му судите на целиот свет, зарем не сте способни да разрешите дури и најситен меѓусебен спор? Зар не знаете дека ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите? Тогаш, колку полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувања! Кога спорите за најобични, секојдневни работи, зошто одите да се судите пред луѓе кои црквата воопшто не ги цени!? Треба да се засрамите што сум принуден да ви го кажувам ова! Нема ли меѓу вас христијаните барем еден мудар човек кој би можел да пресудува во вашите меѓусебни спорови? Туку дозволувате еден христијанин да се суди со друг христијанин, и тоа пред суд на неверници!

Самото тоа што вие воопшто се тужите еден со друг, несомнено претставува пораз за вас. Зошто не истрпите, макар и да сте онеправдани? Зошто не ја прежалите штетата што евентуално ви е нанесена? Наместо тоа, вие самите правите неправди и им нанесувате штета на своите сохристијани!

За чист христијански живот

Зар не знаете дека неправедниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство? Немојте да се залажувате! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените, ни хомосексуалците, 10 ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство! 11 И некои од вас бевте такви, но сега сте исчистени[a], станавте свети и оправдани пред Бог преку делото на Господ Исус Христос и Духот на нашиот Бог.

12 Некои од вас велат: „Имам слобода да правам што сакам!“ Да, но не е се полезно! Иако имам слобода да правам што сакам, нема да дозволам да робувам на нешто. 13 Велите: „Храната е наменета за стомакот, а стомакот за храната!“ Да, но еден ден Бог ќе ги уништи и стомакот и храната. Телото не постои со него да правиме блуд. Нашите тела Му припаѓаат на Господ, зашто Господ ги создал. 14 Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ.

15 Зар не сфаќате дека вашите тела се органи на Христовото тело? Треба ли сега јас да земам нешто што е Христово и да го соединам со проститутка? Никако! 16 Или не ви е јасно дека оној што се соединува со проститутка станува едно со неа? Светото Писмо вели: „Двајцата ќе станат едно тело[b].“ 17 На сличен начин, Кој се соединува со Господ, станува еден дух со Него.

18 Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело. 19 Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас? Вие не сте ваша сопственост. 20 Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со нужната почит спрема Бог.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest