New Testament in a Year
45 Во пророчките книги на Светото Писмо стои запишано: ,Бог ќе ги научи сите[a]‘. Секој што Го слуша небесниот Татко и учи од Него, доаѓа кај Мене. 46 Тоа не значи дека некој Го видел Бог, освен Оној Кој потекнува од Бога. Само Тој го видел Таткото. 47 Ве уверувам дека оној што верува во Мене, веќе има вечен живот. 48 Јас сум животодавниот Леб. 49 Вашите предци јадеа мана[b] во пустината, но потоа умреа. 50 Еве Го Лебот што слегува од небото, за секој да може да јаде од Него и да не умре. 51 Јас сум животодавниот Леб Кој слезе од небото! Кој се храни од овој Леб - ќе живее вечно! А Лебот што Јас ќе го дадам за животот на светот е Моето тело.“
52 Тогаш Евреите почнаа одново да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да се храниме со Него!?“
53 Исус, пак, им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се храните од телото на Синот Човечки и не се напојувате од Неговата крв - ќе немате живот во себе! 54 Оној што се храни[c] од Моето тело и се напојува од Мојата крв, има вечен живот и на крајот, Јас ќе го воскреснам. 55 Моето тело е вистинска[d] храна и Мојата крв е вистинска напивка. 56 Кој се храни[e] од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него.
57 Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене. 58 Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“ 59 Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.
60 Кога го слушнаа тоа, голем број од следбениците на Исус рекоа: „Тешко е ова учење; кој може да го слуша!?“
61 Свесен дека Неговите ученици мрморат за тоа, Исус им рече: „Зар ова ве натера да потклекнете!? 62 А што, ако Ме видите Мене, Синот Човечки, како се искачувам на небото, каде што бев порано!? 63 Духот е Тој што дава живот, а не човечкото тело. Зборовите што ви ги кажав се од тој животодавен Дух[f]. 64 Но меѓу вас има некои што не веруваат.“ Исус го рече ова, зашто од почетокот знаеше кои се тие што не веруваат и кој ќе Го предаде. 65 Потоа им рече: „Затоа ви реков дека никој не може да дојде кај Мене, ако тоа не му е овозможено од небесниот Татко.“
66 Од тој момент многумина од Неговите ученици Го напуштија и престанаа да одат со Него.
67 Тогаш Исус им рече на Дванаесеттемина: „Ако сакате, можете и вие да си заминете“.
68 Симон Петар Му одговори: „Господе, кај кого да одиме? Твоите зборови носат вечен живот! 69 Ние веруваме во Твоите зборови и знаеме дека Ти си Светецот, Кој ни дојде од Бога.“
Невера меѓу Своите родени браќа
70 Исус, пак, им одговори: Нели Јас ве избрав вас дванаесеттемина? Па сепак, еден од вас е ѓавол.“ 71 Тоа го рече за Јуда, синот на Симон Искариот, еден од дванаесеттемина, кој имаше намера да Го предаде.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest