Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 24:1-35

Христовото воскресение

(Матеј 28:1-10; Марко 16:1-8; Јован 20:1-10) 24 Во неделата[a], уште во рани зори, жените дојдоа кај гробницата, носејќи ги мирисливите масла за премачкување на Исусовото тело, што самите ги беа приготвиле.

Но ја најдоа гробницата отворена и гробната плоча иставена. Влегоа во гробницата, но таму го немаше телото на Господ Исус. Додека стоеја таму збунети, ненадејно пред нив се појавија двајца мажи во блескави облеки. Исплашени, жените се наведнаа кон земјата, кога тие им се обратија, велејќи им: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Тој не е овде! Воскресна! Сетете се што ви велеше уште додека беше во Галилеја: ,Синот Човечки[b] ќе треба да биде предаден во рацете на грешници, кои ќе Го распнат, но на третиот ден Тој ќе воскресне.‘

Тогаш жените се сетија дека Исус навистина им го кажа тоа.

Кога се вратија од гробот, жените им го кажаа сето ова на единаесеттемина Исусови ученици и на сите други. 10 Меѓу жените беа и Марија од Магдала и Јоана, и Марија - мајката на Јаков, и други жени кои им го кажаа тоа на апостолите, 11 но апостолите ги сметаа нивните зборови за измислени и не им поверуваа.

12 Сепак, Петар стана и со трчање се упати кон гробницата. Тој ѕирна внатре и не виде ништо друго освен платното во кое беше замотано телото на Исус. Потоа се врати дома, во голема недоумица за она што се случило.

13 Истиот ден двајца од Исусовите ученици одеа кон селото Емаус, кое се наоѓаше на околу единаесет километри[c] од Ерусалим. 14 Двајцата разговараа меѓу себе за сето ова што се случуваше. 15 Додека разговараа за сe што се случи и размислуваа, до нив се приближи Исус и зачекори заедно со нив, 16 но нивните очи не Го препознаа. 17 Вклучувајќи се во разговорот, Исус ги праша: „За што разговарате по пат?“ Тие застанаа како скаменети, со тажни изрази на лицата. 18 Едниот од нив, кој се викаше Клеопас, му рече: „Ти мора да си единствениот од сите дојдени во Ерусалим кој не знае што се случува деновиве!“ 19 Тој ги запраша: „За што станува збор?“ Тие Му одговорија: „За она што Му се случи на Исус од Назарет! Тој беше пророк и се докажа како силен на зборови и на дела, како пред Бога така и пред луѓето. 20 Но нашите свештенички поглавари и управниците Го уапсија и Го предадоа за да биде осуден на смрт и потоа Го распнаа. 21 А ние се надевавме дека Тој е Месијата што ќе го ослободи Израел! Еве, веќе е трет ден откако тоа се случи.

22 Некои жени од нашата група нe збунија; тие биле на гробот, 23 но таму Го немало Неговото тело! Кога се вратија, тие ни кажаа дека им се појавиле ангели кои им рекле дека Исус е жив. 24 Некои од нашите другари исто така отидоа кај гробницата и го виделе истото што го кажаа и жените, но Него не Го виделе.“

25 Тогаш Исус им рече: „Ах, колку тешко сфаќате и колку ви е тешко да верувате во сето она што го говореа пророците! 26 Зар не беше јасно претскажано дека Месијата ќе настрада, пред да влезе во Својата слава?“ 27 Потоа Исус почна да им објаснува сe што е претскажано за Него, со цитати од Светото Писмо, почнувајќи од Мојсеевите книги, па сe до книгите на пророците.

28 Кога се приближија до селото Емаус, кон кое беа тргнале, Исус се направи како да сака да си продолжи по патот, 29 но тие Го задржуваа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот е веќе при крај и почнува да се стемнува.“ Така Тој влезе и остана со нив. 30 Седејќи со нив на трпезата, Тој зеде леб, Му се заблагодари на Бог, па го раскрши и им го раздели. 31 Тогаш очите им се отворија и тие Го познаа! Но во истиот миг Тој исчезна - стана невидлив за нивните очи! 32 Тие си проговорија еден на друг: „Зар не ни се разгореа срцата уште по патот, кога Тој ни говореше и ни го објаснуваше Светото Писмо!?“

33 Тогаш тие веднаш станаа и се вратија во Ерусалим, каде што ги најдоа единаесеттемина ученици, собрани со своите пријатели, 34 па им рекоа: „Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон Петар!“ 35 Потоа почнаа да им раскажуваат за сето она што им се случи ним, на двајцата, на патот кон Емаус, и како Го препознаа кога Тој го раскрши лебот.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest