New Testament in a Year
Исус им се јавува на Своите апостоли
(Матеј 28:16-20; Марко 16:14-18; Јован 20: 19-23; Дела 1:6-8) 36 Додека овие двајца им го раскажуваа тоа, меѓу нив се појави Исус, застана и ги поздрави[a], посакувајќи им мир. 37 Присутните беа збунети и исплашени, па мислеа дека гледаат дух. 38 Но Исус им рече: „Што сте се стаписале? Зошто ви се јавуваат сомнежи во мислите? 39 Видете Ми ги рацете и нозете, па уверете се дека тоа Сум Јас. Допрете Ме и ќе се уверите, зашто духот нема ни месо ни коски, а гледате дека Јас имам!“
40 Кога го рече ова, Тој им ги покажа рацете и нозете[b]. 41 Од радост и од возбуда, тие не можеа да им веруваат на сопствените очи! Затоа, Исус им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ 42 Тие Му подадоа парче печена риба, 43 и Тој ја изеде пред нивните очи.
44 Потоа Исус им рече: „За ова ви зборував уште додека бев со вас, имено, сe што е претскажано за Мене во книгите на Мојсеевиот Закон, на пророците и во Псалмите, требаше да се исполни.“
45 Тогаш им ги просветли[c] умовите за да им стане јасно Светото Писмо, 46 и им рече: „Запишано е дека Месијата треба да настрада и да воскресне на третиот ден, 47 дека во Неговото име ќе се проповеда пораката за покајание и простување на гревовите меѓу сите народи, почнувајќи од Ерусалим. 48 Вие сте сведоци за тоа.
49 Јас ќе ви го испратам Светиот Дух, Кој ви го вети Мојот небесен Татко, а вие останете во градот, сe додека Светиот Дух не слезе врз вас со сила од небото.“
Вознесението на Исус
(Марко 16:19-20; Дела 1:9-11) 50 Потоа Исус ги поведе надвор од градот, во близина на Бетанија, каде што ги подигна Своите раце и почна да ги благословува. 51 Додека ги благословуваше, се подигаше над нив и се вознесе на небото[d]. 52 Тие Му се поклонија и многу радосни се вратија во Ерусалим, 53 каде што целото време го минуваа во храмот, славејќи Го Бога.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest