Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Јован 6:1-21

Исус нахранува над пет илјади души

(Матеј 14:13-21; Марко 6:30-44; Лука 9:10-17) По ова, Исус отиде од другата страна на Галилејското Езеро (или како што поинаку се нарекува - Тибериско[a] Море). Многуброен народ постојано Го следеше, бидејќи ги гледаше чудата на исцелување што Тој ги правеше над болните. Исус се искачи на планината и таму седна со Своите ученици. Наскоро доаѓаше еврејскиот празник Пасха.

Кога Исус го подигна својот поглед и забележа дека многуброен народ доаѓа кај Него, му се обрати на Филип: „Каде да купиме леб за да ги нахраниме луѓево?“ Исус го рече ова за да види што ќе му одговори Филип, бидејќи Исус знаеше што ќе прави.

„За да добие секој од нив барем по едно залаче, ќе треба да купиме леб за повеќе од двесте денарии[b]!“ - одговори Филип.

Тогаш Андреј, еден од Исусовите ученици и брат на Симон Петар, Му рече: „Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку многу народ!?“

10 „Кажете им на луѓето да седнат“ - рече Исус. На тоа место имаше многу трева, па луѓето испоседнаа, а на број беа околу пет илјади, сметајќи ги само мажите. 11 Тогаш Исус ги зеде лебовите, и откако Му заблагодари на Бог, им ги раздели на поседнатите луѓе, а им раздели и од рибите, на секој колку што сакаше.

12 Кога народот се најаде, Исус им рече на Своите ученици: „Соберете ги парчињата што останаа, ништо да не пропадне.“ 13 Од петте јачменови лебови, тие собраа и наполнија дванаесет кошници со парчиња што им останаа на луѓето кои јадеа.

14 Кога го видоа чудото што Исус го направи, луѓето говореа: „Овој навистина е Пророкот чие доаѓање на светот ни беше предвестено!“

15 Но, Исус, кога дозна дека наумиле сосила да Го зграпчат и да Го прогласат за цар, повторно се повлече сам во гората.

Исус оди по езерото

(Матеј 14:22-33; Марко 6:45-52) 16 На квечерина, учениците на Исус слегоа до езерото. 17 Се качија во едно бротче и се упатија кон Кафарнаум, од другата страна на езерото. Веќе се беше стемнило, а Исус се уште не беше дошол кај нив. 18 Почна да дува силен ветер од кој езерото се разбранува. 19 Кога извеслаа околу четири до пет километри[c], тие Го видоа Исуса како се доближува до бротчето, одејќи по езерото, и се исплашија. 20 А Тој им рече: „Јас сум! Не плашете се!“ 21 Тогаш тие се осмелија да Го примат во бротчето и бротчето веднаш се најде на оној дел од брегот каде што се беа упатиле!

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest