Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Gen for the version: Macedonian New Testament
Матеј 20

Споредба со наемни работници

20 „Небесното царство може да се опише со ваква споредба: Еден домаќин излезе рано наутро да повика наемни работници за своето лозје. Се погоди со нив да им плати по една надница и ги испрати на лозјето. Околу девет[a] часот наутро, тој повторно отиде на пазарот и виде и други луѓе кои чекаа за работа, па им рече: ,Одете и вие на моето лозје, а јас ќе ви платам колку што ви следува.‘ И тие отидоа. Потоа го направи истото околу дванаесет[b] часот, и уште еднаш околу петнаесет часот. Кога излезе околу седумнаесет[c] часот, виде и други луѓе како стојат, па им се обрати: ,Зошто безделничите овде цел ден?‘ ,Никој не ни понуди работа‘ - му одговорија тие. Тогаш и ним им рече: ,Одете и вие на моето лозје!‘ Кога се стемни, господарот му рече на својот надзорник: ,Повикај ги работниците и исплати им по една надница на сите, почнувајќи од последните, па до првите.‘ И така, оние што дојдоа на нивата во седумнаесет часот добија по една надница. 10 Кога дојдоа на ред првите мислеа дека ќе добијат повеќе, но и тие добија по една надница. 11 Штом ги примија парите, тие почнаа да мрморат против господарот, велејќи: 12 ,Овие последниве работеа само еден час, а ти ги израмни со нас, кои се мачевме цел ден на жегата!‘ 13 Обраќајќи му се на еден од нив, тој му рече: ,Пријателе, јас тебе не те оштетив. Зар не се погодивме за надницата? 14 Земи си ја и оди си! А јас сакам да му платам на последниот колку и тебе; 15 зар немам право да правам што сакам со своите пари? Или, пак, окото ти е завидливо затоа што сум дарежлив!?‘“

16 И така, тие што сега се последни, тогаш ќе бидат први, а тие што сега се први, тогаш ќе бидат последни“ - заклучи Исус.

Исус третпат ја навестува Својата смрт

(Мк. 10-32-34; Лк. 18:31-34) 17 Одејќи кон Ерусалим, Исус ги тргна настрана дванаесеттемина и додека чекореа по патот, им рече: 18 „Еве, на пат сме кон Ерусалим; таму Јас, Синот Човечки, ќе им бидам предаден на свештеничките поглавари и на вероучителите[d]. 19 Тие ќе Ме осудат на смрт и ќе Ме предадат на Римјаните да Ми се подбиваат, да Ме камшикуваат и да Ме распнат. Но на третиот ден Јас ќе воскреснам.“

Алчност за власт над другите

(Мк. 10:35-45) 20 Тогаш кај Исус дојде мајката на Завдаевите синови, заедно со своите двајца синови, Јаков и Јован, клекна пред Него и Го замоли за една услуга. 21 „Што сакаш?“ - ја праша Исус. „Дај им на моиве два сина почесни места од Твојата десна и лева страна во Твоето царство“ - Му рече таа. 22 Исус им се обрати на двајцата нејзини синови и им рече: „Не знаете што барате. Ќе можете ли да пиете од чашата на Моите страдања, од која Јас ќе пијам?“ А тие Му одговорија: „Ќе можеме!“ 23 „Добро, и вие ќе пиете од Мојата чаша - им одоговори Исус - но Јас не можам да одредам кој ќе седи од Мојата десна страна, а кој од левата. Тие места им припаѓаат на оние за кои ги определил Мојот небесен Татко.“

24 Кога преостанатите десет ученици разбраа за ова, им се налутија на двајцата браќа. 25 Тогаш Исус ги повика кај Себе сите заедно и им рече: „Знаете дека владетелите на овој свет владеат сурово над луѓето. 26 Но, меѓу вас не треба да биде така. Напротив, ако некој сака да биде водач меѓу вас - нека им служи на сите. 27 Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга - 28 како што Јас, Синот Човечки, не дојдов за да Ми служат, туку Јас да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина.“

Исцелување на двајца слепи питачи

(Мк. 10:46-52; Лк. 18:35-43) 29 На излегување од градот Јерихо, голема толпа народ врвеше по Исус и Неговите ученици. 30 Покрај патот седеа двајца слепи и штом слушнаа дека Исус минува оттаму почнаа да викаат на сиот глас: „Господе, Сине Давидов[e], покажи милост спрема нас!“ 31 Народот се обидуваше да ги замолкне, но тие уште погласно викаа: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“ 32 Исус застана, ги повика кај Себе и ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“ 33 „Да прогледаме, Господе!“ - му одговорија тие. 34 Исус се сожали и им ги допре очите и тие наеднаш прогледаа и тргнаа по Него.

Error: Book name not found: Neh for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 20

2) Павле оди за Македонија и Ахаја (Грција)

20 Кога стивна вревата, Павле ги собра христијаните од Ефес и ги охрабри. Се збогува со нив и тргна за Македонија. Патем, во сите градови низ кои поминуваше, со многу проповеди ги храбреше христијаните. Потоа замина за Грција. Таму остана три месеци. Токму кога се подготвуваше да тргне на пловидба кон Сирија дозна дека група Евреи коваат заговор против него. Затоа реши да се врати преку Македонија.

На тој пат го придружуваа: Сопатер, синот на Пир од Верија, Аристарх и Секунд, од Солун, Гај од Дерба, Тимотеј, како и Тихик и Трофим од областа Азија. Тие отидоа пред нас и не чекаа во Троада. Откако заврши празникот на Бесквасните лебови, ние отпловивме од Филипи и по пет дена им се придруживме во Троада. Таму останавме седум дена.

3) Павле последен пат ја посетува Троада

Еден неделен ден бевме собрани на Причест[a], а Павле ги поучуваше насобраните, па ја одолжи проповедта се до полноќ, зашто следниот ден се подготвуваше да замине. Во горната соба, каде што бевме собрани, имаше многу ламби. Едно момче, по име Евтих, седејќи крај прозорецот, задрема, бидејќи Павле долго проповедаше. Сонот го совлада и Евтих падна од третиот кат. Кога го кренаа, беше мртов. 10 Павле слезе долу, се наведна над него, го гушна и рече: „Не грижете се, жив е!“ 11 Потоа сите се вратија во горната соба, и заедно зедоа Причест. Павле продолжи да им проповеда се до мугрите, кога си замина. 12 Во меѓувреме, момчето го одведоа дома живо и здраво, што беше големо олеснување за сите.

13 Павле реши да патува за Асос по копно. Ние, останатите, тргнавме со брод до Асос и се договоривме таму да го земеме со нас и Павле. 14 Се сретнавме во Асос, го зедовме со нас и отпловивме за Митилена. 15 Утредента пловевме покрај островот Киос, следниот ден поминавме покрај островот Самос, а по уште еден ден пловење, пристигнавме во Милет.

16 Павле беше решил да го заобиколи Ефес и да не се задржува во Азија, зашто брзаше, ако е можно, до празникот Духовден[b] да пристигне во Ерусалим.

4) Павле се простува со црковните старешини од Ефес

17 Од Милет испрати порака до старешините на црквата во Ефес и ги замоли да дојдат за да се сретнат со него.

18 Кога пристигнаа, Павле им рече: „Вие знаете како живеев, уште од првиот ден кога пристигнав во Азија, зашто цело време бев со вас. 19 Му служев на Господ со голема понизност, со солзи и маки низ кои морав да поминам поради заговорите што против мене ги коваа Евреите. 20 Сепак, не пропуштив да ви кажам се што е полезно за вас, поучувајќи ве јавно или во вашите домови. 21 Имав иста порака и за Евреите и за неевреите[c]: да се покаат, да се свртат кон Бог и да поверуваат во нашиот Господ Исус.

22 Сега Светиот Дух[d] ме тера да одам во Ерусалим. Не знам што ме чека таму. 23 Знам само дека Светиот Дух ми има кажано оти во секој град ме чекаат затвори и страдања. 24 Но тоа не ме плаши. Мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната вест за Божјата милосрдна благонаклоност.

25 Сега знам дека никој од вас со кои живеев и ви проповедав за Божјото царство нема повеќе да ме види. 26 Затоа сакам јасно и гласно да ви кажам денес дека, ако некој од вас заврши во вечна смрт, јас за тоа не сум одговорен[e]. 27 Не пропуштив ништо од Божјиот план за луѓето, туку во целост ви го објавив. 28 Внимавајте и на себе и на целото Божјо стадо во кое Светиот Дух ве поставил за надзорници. Бидете пастири на Божјата Црква која Тој ја откупи со сопствената крв. 29 Знам дека откако јас ќе си заминам, ќе ви доаѓаат лажни пастири кои како свирепи волци ќе ве напаѓаат и нема да го штедат стадото. 30 Од самите вас ќе произлезат луѓе што ќе ја изопачуваат вистината за да повлечат по себе дел од Христовите следбеници. 31 Затоа, бидете на штрек! Не заборавајте дека три години деноноќно, без престан, со солзи во очите, го советував секој од вас поединечно.

32 Сега ве предавам под Божјата грижа и поука од пораката за Неговата милосрдна благонаклоност спрема вас. Таа порака има моќ да ве изградува и да ви даде наследство заедно со сите што Бог ги избра и посвети.

33 Од никого не барав пари или облеки. 34 Вие и самите знаете дека за моите потреби и за потребите на оние што ме придружуваа јас работев со сопствените раце. 35 На тој начин ви покажав како со вредно работење може да им се помогне на сиромашните. Не заборавајте што ни порача Самиот Господ Исус: ,Поблагословен е тој што дава, отколку тој што добива‘.“

36 Кога го рече ова, клекна на колена со нив и се молеше. 37 Сите заплакаа на глас, и збогувајќи се, го гушкаа и го бакнуваа. 38 Беа посебно тажни поради тоа што им рече дека веќе нема да го видат. Потоа го испратија до бродот.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest