Book of Common Prayer
Храбри Христови пратеници
4 Затоа сега, кога како израз на Божјата милост ја добивме оваа служба, ние не се обесхрабруваме. 2 Се откажавме од сите подмолни и срамни работи. Не се служиме со итрини и не го извртуваме Божјиот збор, туку јасно, пред Бог, му ја откриваме вистината на секој човек, оставајќи му ја одлуката на неговата совест.
3 Ако Радосната вест што ние ја проповедаме е скриена од некого, тоа е јасен знак дека тој се определил за пропаст. 4 Но на таквите Сатаната, богот на овој зол свет, им го заслепил разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.
5 Ние не се истакнуваме себеси, туку проповедаме дека Исус Христос е Господ, а ние сме ви на услуга, заради Исус. 6 Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината[a]!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.
7 Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.
8 Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж. 9 Прогонувани сме, но Бог не не оставил. Не соборуваат наземи, но не сме уништени. 10 Преку страдањата на овие наши тела, ние постојано учествуваме во смртните страдања на Исус, за да се види и Неговиот живот во нашите тела.
11 Живееме под постојани закани дека ќе не убијат поради тоа што проповедаме за Исус, за да може Исусовиот живот да се пресликува во нашите смртни тела. 12 И така, додека смртта си ја покажува силата против нас, вечниот живот ја покажува својата сила во вас[b].
10 Тој што е верен во мали работи, ќе биде верен и во големи, а тој што е нечесен во мали работи, ќе биде нечесен и во големи. 11 Ако не се покажете верни со земното богатство, кое не е вистинско богатство, не очекувајте да ви биде доверено вистинското, небесно богатство. 12 Ако не сте верни со она што не е ваше, не очекувајте дека ќе ви биде дадено вашето!“
Не се слугува на двајца господари
13 „Ниеден слуга не може верно да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бог и на парите!“
14 Сето ова го слушаа фарисеите и Му се подбиваа на Исус, зашто тие беа лакоми за пари. 15 А Исус им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ви ги познава срцата: во очите на луѓето сте големи, но пред Бога сте гнасни!
16 Мојсеевиот Закон и учењата на пророците беа на сила до времето на Јован Крстител. Оттогаш наваму се проповеда Радосната вест за Божјото царство и секој навалува да влезе во него. 17 Но попрво ќе исчезнат небото и Земјата, отколку еден ситен детаљ од Божјиот Закон.“
Нераскинливоста на бракот
(Матеј 5:31-32; 19:3-9; Марко 10:11-12) 18 „Тој што ќе се разведе од својата жена и ќе се ожени за друга - врши прељуба. Тој што ќе се ожени со разведена жена - исто така врши прељуба.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest