Book of Common Prayer
Тајната на нашата вера
14 Се надевам дека набрзо ќе те посетам, но сепак ти го пишувам ова 15 за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.
16 Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена:
Христос дојде во човечко тело.
Светиот Дух потврди дека Тој ја исполни Божјата волја.
Ангелите Го видоа.
За Него им беше проповедано на народите.
Луѓето поверуваа во Него.
Тој славно се вознесе на небото.
Распознавање на лажните учители
4 Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните[a] времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења. 2 Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена[b].
3 Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат. 4 Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането. 5 Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.
2. Споредба со каколот
24 Потоа Исус им кажа уште една споредба: „Небесното царство може да се спореди со човек што посеал чисто пченично семе во својата нива. 25 Но, додека луѓето спиеле, дошол неговиот непријател, посеал какол меѓу пченицата и си заминал. 26 Кога посеаното порасна и заврза плод, се покажа и каколот. 27 Дојдоа слугите кај домаќинот и му рекоа: ,Господару, зар ти не беше посеал чисто семе на твојата нива? Од каде сега се појави овој какол?‘ 28 А тој им одговори: ,Тоа ми го направи непријателот!‘ Тогаш слугите му рекоа: ,Сакаш ли да појдеме и да го искорнеме каколот?‘ 29 ,Немојте‘ - им одговори тој - ,зашто, корнејќи го каколот, со него ќе го искорнете и житото.‘ 30 Оставете ги, нека растат заедно до жетвата. Тогаш ќе им наредам на жетварите: ,Издвојте го најнапред каколот, врзете го во снопови и изгорете го, а житото соберете го во Моите складови!‘“
3. Споредба со синаповото зрно
(Мк. 4:30-32; Лк. 13:18-19) 31 Потоа, Исус им кажа уште една споредба: „Небесното царство може да се спореди со синапово зрно што некој ќе го посее во својата нива. 32 Иако тоа е најмало од сите семиња, кога ќе порасне, ги надвишува сите градинарски растенија и станува дрво на кое и птиците слетуваат и си свиваат гнезда на неговите гранки.“
4. Споредба со квасецот
(Лк. 13:20-21) 33 Исус им кажа и ваква споредба: „Небесното царство може да се спореди со квасец што жената го замесува со три мери брашно, по што целото тесто нараснува!“
За проповедањето преку споредби
(Мк. 4:33-34) 34 Исус се користеше со споредби за да му го објасни на народот сето ова и ништо не им говореше без споредби.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest