Book of Common Prayer
Верните треба да останат непоколебливи
13 Чувствуваме обврска постојано да Му бидеме благодарни на Бог за вас, драги пријатели христијани, вас што Господ ве засака. Тој ве одбра да се спасите меѓу првите[a], така што Светиот Дух ве посвети, а вие поверувавте во вистината. 14 Преку нашето проповедање на Радосната вест Бог ве повика да се спасите. Сега можете и вие да се придружите кон славата на нашиот Господ Исус Христос.
15 Затоа, драги пријатели христијани, бидете непоколебливи и држете се цврсто до она што ве учевме лично и преку нашите писма.
16 А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој не сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас, 17 нека ви ги насрчат срцата и нека ви дадат сила постојано да го зборувате и да го правите она што е добро.
Молете, барајте и чукајте
(Лк.11:9-13) 7 „Молете и ќе добиете; барајте и ќе најдете; почукајте и ќе ви биде отворено, 8 бидејќи, секој што моли - ќе добие; оној што бара - ќе најде; на оној што чука - ќе му биде отворено. 9 Има ли меѓу вас некој, кој на својот син би му дал камен, ако тој моли за леб? 10 Или да му подаде змија, ако тој моли за риба!? 11 Па, кога вие, коишто сте грешни, знаете да им давате добри подароци на своите деца - колку повеќе и подобри нешта ќе добие од својот небесен Татко оној што ќе Го замоли!“
Златното правило на животот
(Лк. 6:31; Рим. 13:8-10; Гал. 5:14) 12 „Постапувајте со луѓето онака како што сакате тие да постапуваат со вас - тоа е суштината на Мојсеевиот Закон и на она што го проповедаа пророците.“
Тесен е патот кон небото
13 „Влезот во Божјото царство е низ тесна врата, а мнозинството луѓе одат по широкиот и лесен пат кој води во пропаст! 14 А мала е вратата и тесен е патот што водат во вечен живот, и мал број луѓе го наоѓаат.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest