Book of Common Prayer
Писмо од апостол
Јаков
Авторство и поздрави
1 Од Јаков,
служител на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до дванаесетте племиња[a], распрснати низ целиот свет.
Проверки на верата
2 Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија, 3 зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате. 4 Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.
Молитва со вера
5 Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него. 6 Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива. 7 Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ, 8 бидејќи е нерешителен и непостојан во се.
Сиромаштијата и богатството
9 Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив, 10 а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови. 11 Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.
За искушенијата
12 Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот[b], како што им вети на сите што Го сакаат.
13 Никој, кога е во искушение да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев. 14 Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти. 15 Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт.
Петар Го препознава Исуса како Месија
(Матеј 16:13-19; Марко 8:27-29) 18 Еднаш, кога Исус се молеше на тивко место, со Него беа само Неговите ученици. Тогаш Тој ги праша: „За Кого Ме сметаат луѓето?“ 19 Тие Му одговорија: „Едни велат дека си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека си еден од старите пророци кој воскреснал од мртвите.“ 20 „А за Кого Ме сметате вие?“ Петар одговори: „Ти Си Месијата[a] испратен од Бог!“
Исус првпат ја најавува Својата смрт
(Матеј 16:20-28; Марко 8:30-9:1) 21 Тогаш Исус строго им заповеда да не го кажуваат ова никому. 22 Им го рече уште и тоа, дека Тој, Синот Човечки[b], мора многу да страда, отфрлен од старешините, од високото свештенство и од вероучителите; дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне на третиот ден.
Да се биде христијанин има своја цена
23 Потоа Исус им се обрати на сите: „Тој што сака да биде Мој следбеник, треба да се откаже од своите себични амбиции, секојдневно да го носи својот крст и да тргне по Моите стапки. 24 Секој што сака да си го чува животот само за себе - ќе го загуби; а тој што ќе го загуби животот заради Мене - ќе го спаси.
25 Дали е добивка за човекот ако го добие и целиот свет, а себеси се изгуби и упропасти? 26 Ако некој се срами од Мене и Моето учење, и Јас, Синот Човечки, ќе се срамам од него кога ќе дојдам во Својата слава и во славата на небесниот Татко и на светите ангели. 27 Ве уверувам дека меѓу вас што стоите овде, има некои што нема да умрат додека не Го видат Божјото царство.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest