Book of Common Prayer
23 Бог ми е сведок дека причината за моето недоаѓање во Коринт беше со цел да ве поштедам од укорување. 24 Ние не сме ви господари што ќе ви кажуваат како треба, а како не треба да верувате[a]. Сакаме само да соработуваме со вас, за да бидете исполнети со радост, зашто вие во верата сте непоколебливи.
2 Решив да не ве нажалам со уште една болна посета. 2 Ако јас вас ве натажам, кој мене ќе ме развесели? Зар тие кои штотуку сум ги натажил? 3 Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат. Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас. 4 Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.
Треба да му се прости на тој што згрешил
5 Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене. 6 Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна. 7 Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне. 8 Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека се уште го сакате!
9 Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства. 10 А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос. 11 Ако не постапуваме така, Сатаната ќе не надмудри, а знаеме какви се неговите намери!
Апостолската служба
12 Кога пристигнав во Троада[b] за да ја проповедам Радосната вест за Христос, видов како Господ пред мене отвора ново поле за работа. 13 Но немав душевен мир, бидејќи мојот драг пријател Тит не се беше вратил откај вас. Затоа, се збогував со луѓето во Троада и заминав за Македонија, за таму да се сретнам со Тит.
14 Но, благодарни сме Му на Бог, Кој, на чело со Христос, секогаш не води во победа. Преку нас Тој насекаде ја шири вистината за Христос, како што се шири миризливоста од пријатен мирис. 15 За Бог ние сме како пријатен мирис што го приближува Христос кон сите: и кон оние што Го прифаќаат и се спасуваат, и кон оние што Го одбиваат и пропаѓаат. 16 За жал, на оние што Го одбиваат Христос, овој мирис ќе им биде смртна пресуда. На оние, пак, што Го прифаќаат Христос, ние сме им како најпријатен мирис што им носи вечен живот. Кој е способен да извршува ваква служба? 17 Ние не сме трговци - а такви ги има многу - што се обидуваат да заработат пари од проповедање на Божјото Слово! Ние проповедаме за Христос искрено, како што Бог сака. Нас Бог не испрати и Тој не надгледува.
Споредба со загубената овца
(Матеј 18:12-14) 15 Голем број наплатувачи[a] на данок и други отпадници доаѓаа да Го слушаат Исус. 2 А фарисеите и учителите по верски Закон почнаа да негодуваат, велејќи: „Овој човек се спријателува со отпадници, па и заедно со нив јаде!“
Споредба со бунтовниот син
11 Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина. 12 Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот. 13 По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат. 14 Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија. 15 Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите. 16 Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17 Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам! 18 Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог[a] и тебе! 19 Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘ 20 Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна. 21 Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘ 22 Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете! 23 Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова, 24 зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.
25 Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, 26 па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. 27 ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘
28 Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. 29 Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите. 30 А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘
31 Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое. 32 Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest