Book of Common Prayer
Нашиот Првосвештеник е Исус
14 Затоа да се држиме непоколебливо до верата што ја исповедаме, бидејќи Го имаме највозвишениот Првосвештеник - Исус, Божјиот Син, Кој отиде на небото! 15 Нашиот Првосвештеник не е некој што не може да сочувствува со нашите слабости; напротив, имаме Првосвештеник Кој беше искушуван во се, како и ние, но Тој не згреши. 16 Затоа, ние треба да пристапуваме кон престолот на Божјата благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба.
Спасението ни е од Христос
5 Секој Првосвештеник е човек одбран да ги застапува луѓето пред Бог. Тој ги принесува нивните дарови за Бог и жртвите за нивните гревови. 2 Тој може да биде нежен спрема луѓето, иако тие живеат во незнаење и често застрануваат, бидејќи и самиот е човек и има свои слабости. 3 Поради своите слабости, тој мора да принесува жртви не само за гревовите на народот, туку и за сопствените гревови. 4 Но никој не може да стане Првосвештеник само затоа што сака да има таква чест. Тој мора да биде повикан од Бога, како што беше повикан и Арон.
5 Така беше и со Христос. Тој не си ја додели Самиот на Себе честа да биде Првосвештеник, туку Бог Му рече:
„Ти си Мојот Син, денес Јас станав Твој Татко[a]!“
6 А на друго место Бог за Него вели:
„Ти си вечен Свештеник, според редот на Мелхиседек[b]!“
Исусовото физичко преобразување на планината
(Матеј 17:1-8; Марко 9:2-8) 28 По околу една седмица откако ги изговори овие зборови, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и се искачи на планината, за да се моли. 29 Додека се молеше, лицето Му се преобрази и облеката Му стана блескаво бела. 30 Наеднаш, во Негова придружба се најдоа двајца мажи кои разговараа со Него. Тоа беа Мојсеј и пророкот Илија. 31 Нивниот изглед беше величествен и тие разговараа со Исус за смртта што Го очекуваше во Ерусалим. 32 Петар и неговите другари ги беше совладал сон, но кога се разбудија Го видоа Исуса во величествен изглед, како и двајцата што стоеја со Него. 33 Додека Мојсеј и Илија се разделуваа од Исус, Петар проговори, во отсуство на присебност: „Господару! Колку ни е убаво овде! Ајде да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија!“ 34 Додека го изговараше ова, надојде облак и ги покри. Кога се најдоа во облакот, учениците многу се исплашија, 35 а од облакот се чу глас, кој рече: „Ова е Мојот Син, Избраникот Мој; Него слушајте Го!“ 36 Кога се чу гласот, Исус веќе беше останал Сам. Учениците молчеа за ова и во тоа време никому не му кажуваа за тоа што го беа виделе.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest