Book of Common Prayer
7 Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Со тоа Бог ќе биде прославен. 8 Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да го исполни ветувањето што Бог им го беше дал на нивните предци, 9 а исто така и сите други народи да Го прославуваат Бога заради Неговата милост, како што е напишано во Светото Писмо:
„Затоа ќе Ти донесам слава меѓу нееврејските народи,
ќе Му пеам славопои на Твоето име[a]!“
10 И на друго место вели:
„Радувајте се и вие што не сте Евреи,
заедно со Божјиот народ, Евреите[b]!“
11 И повторно:
„Славете Го Господа сите народи,
Него нека Го слават сите луѓе[c]!“
12 А Исаија вели:
„Ќе се појави потомок на Давид[d],
ќе им стане владетел на нееврејските народи,
кои својата надеж во Него ќе ја положат[e]!“
13 Сега Бог, изворот на надежта, нека ве исполни со радост и со мир заради вашата вера во Христос, а вашата надеж нека продолжи силно да расте и да се поткрепува од силата на Светиот Дух.
ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА ИСУС ВО ЕРУСАЛИМ
Триумфалното влегување во Ерусалим (Цветници)
(Матеј 21:1-11; Марко 11:1-11; Јован 12:12-19) 28 Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим. 29 Кога се приближи до Бетфага и Бетанија[a], на Маслиновата Гора, испрати двајца од Своите ученици 30 и им рече: „Одете до селото што е пред вас. На влезот во селото ќе најдете врзано младо магаре кое никој досега не го јавал. Одврзете го и доведете го. 31 Ако некој ве праша: ,Зошто го одврзувате?‘, кажете му дека Му е потребно на Господ.“
32 Тие заминаа и најдоа сe како што им беше кажал Исус. 33 Кога го одврзуваа магаренцето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето?“ 34 Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ!“ 35 и го доведоа кај Исус, ги положија своите облеки врз магаренцето, па Го качија Исуса. 36 Додека Тој јаваше, народот ги постилаше своите облеки по патот.
37 Кога се доближи до Ерусалим, на падините на Маслиновата Гора, големиот број Негови ученици почнаа радосно и гласно да пеат, славејќи Го Бога за сите величествени нешта што ги беа виделе, велејќи: 38 „Благословен нека биде Царот, Кој доаѓа во името на Господ! Мир на небото и слава на Бог во височините[b]!“
39 Тогаш, некои од фарисеите[c] кои се најдоа меѓу народот, Му рекоа: „Учителе! Нареди им на Твоите ученици да замолкнат!“ 40 Исус им одговори: „Да ви кажам нешто: Ако тие замолкнат, камењата ќе извикуваат!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest