Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Sir for the version: Macedonian New Testament
Откровение 14:14-15:8

Навестување за враќањето на Исус и за духовната жетва

14 Потоа во моето видение забележав еден блескаво бел облак. На него седеше Некој што личеше на Синот Човечки[a], со златен венец на главата и остар срп во раката. 15 Тогаш од храмот излезе еден друг ангел и на цел глас Му рече на Оној што седеше на облакот:

„Замавни со српот и почни да жнееш, зашто дојде времето за жетва; Земјата е зрела за жетва!“ 16 Тогаш Оној што седеше на облакот замавна со српот и ја ожнеа Земјата.

17 Потоа од Храмот на небото излезе и друг ангел; и тој имаше остар срп во раката. 18 Во тој миг откај жртвеникот излезе уште еден ангел - кој го надгледуваше огнот на жртвеникот - и со силен глас му се обрати на ангелот со остриот срп: „Замавни со својот срп и обери го сето грозје од лозјето на Земјата, зашто тоа е веќе узреано!“ 19 Тогаш ангелот замавна со српот и го обра сето грозје на Земјата и го собра во големата каца на Божјиот гнев. 20 Грозјето во кацата беше изгмечено надвор од градот. А кога се гмечеше, од кацата се разлеа река од крв долга околу триста километри[b], чија длабочина досегаше до уздите на коњите.

Победоносната песна на Јагнето

15 Потоа на небото видов уште една чудесна[c] и величествена глетка. Седум ангели ги носеа последните седум стравотни неволи, со кои ќе се доврши Божјиот гнев.

Потоа видов некои луѓе со харфи во рацете како стојат на нешто што прилегаше на стаклено море измешано со оган. Тоа беа оние што го победија Ѕверот и неговата икона, како и бројот што го претставува неговото име. Тие ја пееја песната што ја пеел Божјиот слуга Мојсеј, и песната на Јагнето, со следниве зборови:

„Величествени и прекрасни се Твоите дела,

Господе, Семоќен Боже!

Праведни и правилни се Твоите постапки, Царе над народите!

Како да не Те почитуваме, Господе,

како да не Го славиме Твоето име!?

Само Ти Си свет,

сите народи ќе дојдат Тебе да ти се поклонат,

зашто се покажа дека Твоите постапки се праведни!“

По ова, забележав дека ширум се отвори Храмот на небото, односно Шаторот на Божјото присуство. Од Храмот излегоа седумте ангели што ги носеа седумте стравотни неволи. Тие беа облечени во чисти, бели облеки од ленено платно, а преку градите беа препашани со златни појаси. Едно од четирите живи суштества му даде на секој ангел по една златна чаша - вкупно седум чаши полни со Божји гнев, од Оној што живее во вечни векови! Храмот бргу се наполни со дим од болскотот и силата Божја и никој не можеше да влезе во Храмот се додека седумте ангели не ги истурија седумте чаши на последните стравотни неволи.

Лука 13:1-9

13 Во тоа време дојдоа некои луѓе кај Исус и Му кажуваа за група Галилејци што ги убил Пилат додека тие принесувале жртви во ерусалимскиот храм, така што нивната крв се измешала со крвта на жртвите. А Тој им рече: „Немојте да мислите дека овие Галилејци биле најгрешните луѓе меѓу Галилејците, затоа што настрадале на ваков начин! Не, туку, и вам ви велам: ако не се покаете - сите ќе изгинете така! И немојте да мислите дека оние осумнаесетмина што беа згмечени кога врз нив падна кулата во Шилоах[a] беа најгрешни меѓу жителите на Ерусалим! Ви велам дека не беа најгрешни, но ако не се покаете - сите ќе изгинете така!“

Споредба со неплодната смоква

Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Еден човек имаше во лозјето насадено смоква. Кога дојде да набере плод од неа - не најде. Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години по ред доаѓам и барам плод на оваа смоква, но плод нема; затоа - пресечи ја! Зошто само да ја испостува земјата?“ А лозарот му одговори: „Господару! Остави ја уште годинава. Јас ќе ја опкопам и ќе ја наѓубрам; можеби тогаш ќе роди нешто. Ако и потоа не роди ништо - пресечи ја!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest