Book of Common Prayer
Прво писмо од апостол Павле
до христијаните во
Солун
Авторство и поздрави
1 Од Павле, Силван и Тимотеј
до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото и на Господ Исус Христос.
Бог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.
Примерната вера на солунските христијани
2 Постојано Му заблагодаруваме на Бог за сите вас и секогаш ве спомнуваме во нашите молитви. 3 Си спомнуваме пред Бог, нашиот Татко, како се покажа вашата вера на дело, како работите со љубов и колку трпеливо се надевате на нашиот Господ Исус Христос.
4 Знаеме, драги пријатели, дека Бог вас ве сака и дека ве одбра да бидете Негов народ, 5 затоа што Радосната вест не ви ја проповедавме само преку зборови, туку бевте сведоци на огромна сила: Светиот Дух наполно ве увери дека тоа што ви го говоревме е вистина. Вие знаете како живеевме додека бевме кај вас. Тоа беше дополнителен доказ дека нашата порака е искрена. 6 Вие сега се однесувате онака како што се однесуваме ние и како што се однесува Господ, па, иако многу настрадавте, со радост ја прифативте пораката што доаѓа од Светиот Дух.
7 Така им станавте пример на сите христијани во Македонија и Ахаја. 8 Не само што од вас почна да се шири пораката Господова во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера насекаде се раскажува! Нема никаква потреба ние за тоа да зборуваме. 9 Самите луѓе раскажуваат за вас, како сте ги пречекале, како сте се обратиле кон Бог и сте престанале да им служите на идолите, за да Му служите на вистинскиот, на живиот Бог; 10 и како го чекате Неговиот Син Исус да дојде од небото. Него Бог Го воскресна од мртвите и Тој не избави од Божјиот гнев што ќе дојде.
Прашања за Исусовиот авторитет
(Матеј 21:23-27; Марко 11:27-33) 20 Еден ден, додека Исус го поучуваше народот во храмот и му ја проповедаше Радосната вест, Му пријдоа свештенички поглавари, вероучители и старешини 2 и Го прашаа: „Со какво право го вршиш ова? Кој Те овластил?“ 3 А Тој им одговори: 4 „Да ве прашам и Јас нешто. Кажете ми, од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога[a] или од луѓето?“ 5 Тие почнаа меѓу себе да разговараат, прашувајќи се: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте!?‘ 6 Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, сиот овој народ ќе нe каменува, зашто е уверен дека Јован беше пророк!“ 7 Затоа, Му одговорија дека не знаат. 8 Тогаш Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам кој Ми го даде правото да го правам ова што го правам!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest