Book of Common Prayer
За спасението, некогаш и сега
3 Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој поттикнат од Својата огромна милост, одново не роди! Сега живееме со надеж која произлезе од воскресението на Исус Христос. 4 Очекуваме наследство што не се распаѓа, неосквернето, што не венее. Тоа наследство Бог го чува за нас на небото.
5 Божјата сила ќе ве чува се до последниот ден[a], бидејќи имате доверба во Него. Тогаш Бог јавно ќе го објави вашето спасение. 6 Затоа треба неизмерно да се радувате, макар што, ако е неопходно, уште кратко време ќе минувате низ разни маки и искушенија. 7 Преку нив се проверува вредноста на вашата вера. Дури и златото, кое е само од привремена полза, со оган се проверува. Вашата вера е многу повредна. Така, ако успешно ја поминете таа проверка, вие ќе добиете пофалба, слава и чест на денот кога Исус Христос ќе му се открие на целиот свет.
8 Вие Го сакате Христос, иако никогаш не сте Го виделе, верувате во Него, иако не ви е пред очи. Затоа ќе се радувате со величествена радост што не може да се опише, 9 оти ќе ја постигнете целта на вашата вера - спасението на своите души.
Исус
- патот кон Бог 14 „Не вознемирувајте се! Верувајте[a] во Бог! Верувајте и во Мене! 2 Во домот на Мојот небесен Татко има многу живеалишта. Ако не беше така, зар ќе ви речев дека одам да приготвам место за вас? 3 Откако ќе отидам и ќе ви приготвам место, повторно ќе се вратам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што сум Јас. 4 Вие го знаете патот до местото каде што заминувам.“
5 Тома Му рече: „Господе, ние не знаеме ни каде заминуваш! Како, тогаш, можеме да го знаеме патот!?“
6 Исус му одговори: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко. 7 Ако Ме познавате[b] Мене, Го познавате и Мојот Татко. Отсега Го знаете и сте Го виделе.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest