Book of Common Prayer
10 Тоа посебно се однесува на оние што се раководат од телото и грешните страсти и го презираат Божјиот авторитет. Во својата дрскост тие луѓе немаат никаква почит спрема славните небесни суштества, туку се осмелуваат дури и да ги навредуваат! 11 Дури ни ангелите, иако се многу посилни и помоќни од нив, не изнесуваат пред Господ такви навредливи обвиненија против нив.
12 Таквите луѓе се како неразумни животни, кои се определени за да бидат ловени и убивани. Се потсмеваат на нешта што не ги разбираат. Затоа и ќе загинат како животни. 13 Ќе страдаат како казна за сите страдања што ги предизвикале. За нив претставува уживање сред бел ден да се препуштат на разврат. Кога јадат и пијат со вас, тие се дамки на вашиот углед и само ве осрамотуваат, зашто тоа го прават од нечисти мотиви. 14 Очите им се полни со прељуба. Нивната желба за грев е незаситна. Ги заведуваат неутврдените луѓе, а срцата им се навикнати на алчност. Тоа се проколнати луѓе!
15 Скршнувајќи од вистинскиот пат, тие заталкаа. Се поведоа по примерот на пророкот Балаам, синот на Беор[a], кој за пари беше готов да постапува неправично. 16 Но тој беше прекорен за својот престап. Неговото магаре, немо животно, прозборува со човечки глас и го натера да прекине со тие неразумни постапки.
3 Во тоа време, во јудејската пустина започна да проповеда Јован Крстител. Неговата порака беше: 2 „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“ 3 Тој е човекот што беше претскажан од пророкот Исаија со зборовите:
„Глас одекнува низ пустината, кој вели:
,Пригответе пат за доаѓањето на Господ,
исправете го патот за Него[a]!‘“
4 Јован носеше облека исплетена од камилски влакна, а околу појасот носеше кожен ремен; се хранеше со скакулци и див мед. 5 Кај него доаѓаа луѓе од Ерусалим, од цела Јудеја и од сите предели по долината на реката Јордан. 6 Тие ги исповедаа своите гревови, а тој ги крштаваше[b] во реката Јордан.
7 Но кога Јован виде дека кај него доаѓаат да се крстат и голем број фарисеи и садукеи[c], им рече: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од Божјиот гнев што доаѓа!? 8 Докажете[d] на дело дека навистина сте се покајале! 9 Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да направи Авраамови потомци! 10 Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод. 11 Јас ве крштавам во вода, врз основа на вашето покајание, но Оној што иде по мене е многу поголем од мене и јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам; Тој ќе ве крсти[e] со Светиот Дух и со оган. 12 Тој има лопата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во вечен оган.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest