Book of Common Prayer
Лажните вероучители и Божјата осуда
2 Но имаше и лажни пророци меѓу Израелците[a], како што и меѓу вас ќе има и лажни вероучители. Тие подмолно ќе воведуваат погубни ереси, свртувајќи се дури и против Господарот што ги откупи. Така тие брзо ќе навлечат врз себе уништување. 2 Многумина ќе тргнат по нивните срамни патишта и заради нив лошо ќе се зборува за Патот[b] на вистината. 3 Поради алчност ќе измислуваат разни прикаски, само за да извлечат од вас материјална корист. Но Бог уште одамна им пресудил на таквите. Уништувањето нив будно ги чека.
4 Зашто Бог не ги поштеди ни ангелите што згрешија, туку ги предаде во оковите на мракот, ги фрли во пеколот[c], за да бидат таму чувани се до Судниот ден. 5 Не го поштеди ни древниот свет, туку пушти потоп и ги уништи безбожниците. Го зачува само Ное, кој проповедаше праведност, и неговото седумчлено семејство. 6 Градовите Содом и Гомора[d] во прав и пепел ги претвори! Им пресуди и ги разори на страотен начин, како пример за сите што сакаат да бидат безбожни. 7 Но Лот беше праведен и се згрозуваше од развратот на тие изопачени луѓе. Затоа Бог него го избави. 8 Тој беше праведен човек и за него беше душевно измачување да живее со Содомјаните и секојдневно да ги гледа и слуша како прават секакви зла.
9 Бог знае како да ги избави побожните луѓе од нивните неволи, а неправедните ги казнува уште додека го очекуваат Судниот ден.
10 Тоа посебно се однесува на оние што се раководат од телото и грешните страсти и го презираат Божјиот авторитет. Во својата дрскост тие луѓе немаат никаква почит спрема славните небесни суштества, туку се осмелуваат дури и да ги навредуваат!
Евангелието според
Марко
ПОДГОТОВКИ ЗА НАСТАПОТ НА ИСУС ХРИСТОС
Проповедањето на Јован Крстител
(Мт. 3:1-12; Лк. 3:1-18; Јвн. 1:19-28) 1 Ова е почетокот на Радосната вест за Божјиот Син Исус Христос. 2 Таа започна онака како што беше предвестено од Бог, во Книгата напишана од пророкот Исаија:
„Ќе испратам Свој гласник, да ти го подготви патот.
3 Низ пустината ќе одекнува неговиот глас:
‚Пригответе пат за доаѓањето на Господ!
Исправете го патот за Него[a]!‘“
4 Тој гласник беше Јован Крстител кој се појави во пустината и започна да проповеда крштавање како знак за обраќање кон Бог заради простување на гревовите.
5 Кај него почнаа да доаѓаат луѓе од цела Јудеја и од Ерусалим. Тие ги исповедаа своите гревови, а Јован ги крштаваше[b] во реката Јордан.
6 Јован носеше облека исплетена од камилски влакна и беше препашан со кожен појас. Се хранеше со скакулци и див мед.
7 Тој им зборуваше на луѓето: „По мене доаѓа многу голем човек! Јас не сум достоен ни ремењата од Неговите сандали да Му ги одврзам! 8 Јас сега ве крштавам со[c] вода, а Тој ќе ве крсти со Светиот Дух.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest