Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Sir for the version: Macedonian New Testament
Откровение 18:1-14

Падот на ,Вавилон‘

18 Потоа видов еден друг ангел како слегува од небото. Тој имаше голема моќ и од неговиот сјај светна и Земјата. Ангелот извика со силен глас:

„Падна, падна големиот Вавилон

и се претвори во живеалиште на демони,

гнездо на сите нечисти духови и гнасни птици,

дувло на сите гнасни животни!

Зашто сите народи ги опијани

со жестокото вино на својот блуд!

Сите владетели на Земјата

блудничеа со вавилонската блудница,

а сите трговци на Земјата

се богатеа од нејзината необуздана похот[a]“!

Тогаш од небото се јави еден друг глас, кој рече:

„Истапи од вавилонската блудница, народе Мој!

Не учествувај во нејзините гревови,

за да не станеш соучесник во нејзината казна!

Зашто нејзините гревови се напластија до небото,

и Господ ќе ја казни за нејзината изопаченост!

Направете и како што таа ви правеше вам,

вратете и двојно за злото што таа ви го стори!

Нека испие двојно погорчлива напивка

од онаа што им ја даваше на другите!

Зададете и толку маки и жалости,

колку што раскош и уживања самата си даваше!

Во своето срце таа се фалеше:

,Еве, седам како кралица, а не како вдовица;

за мака нема никогаш да знам!‘

Затоа, во еден ист ден

ќе биде погодена со жалост, глад и смрт!

Во оган ќе биде изгорена,

зашто Судија ќе и биде Господ, моќниот Бог!“

А владетелите од целата Земја, кои соучествуваа во нејзиниот блуд и уживаа во нејзиниот раскош, ќе плачат по неа и ќе тагуваат кога ќе го видат димот од огнот што ќе ја изгори. 10 Ќе стојат понастрана, исплашени од нејзините страдања и ќе лелекаат:

„Леле, леле, величествен граде Вавилоне!

Во еден миг се истури врз тебе Божјата пресуда!“

11 Плачат и тагуваат трговците на Земјата, зашто никој веќе не ја купува нивната стока: 12 изработките од злато, сребро, скапоцени камења; од бисер, од ленено платно и од пурпур, од свила и од скерлет, од разни видови на миризливо дрво, предмети од слонова коска, од скапоцено дрво, од бронза, железо и од мермер; 13 цимет и балсам, мириси и мелеми, темјан и вино, масло, бело брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, робови и живи луѓе ...

14 „Одземени ти се плодовите по кои копнееше; сиот раскош и слава ги загуби засекогаш и никогаш повеќе нема да ги добиеш!“

Лука 14:1-11

Уште едно исцелување во сабота

14 Една сабота, Исус дојде на ручек во куќата на еден фарисеј, член на Големото собрание. Сите присутни Го држеа Исуса на око. Тогаш на Исус Му пристапи еден човек со отоци на рацете и нозете, а Исус им се обрати на учителите на верскиот Закон[a] и на фарисеите, па ги праша: „Дали е во согласност со Законот да се врши исцелување и во сабота, или не?“ Тие молчеа. Тогаш Исус го допре болниот и го исцели, испраќајќи го здрав. Потоа им се обрати ним: „Ако ви се случи синот или некое ваше добиче да падне в бунар во сабота, нема ли веднаш да го извадите, иако е сабота?“ Но тие и на ова не можеа ништо да Му одговорат.

Понизност и гостољубивост

Исус забележа дека некои од гостите ги одбираа почесните места за седење, па им го кажа следниов совет: „Кога некој ќе те покани на свадба, не седнувај веднаш на почесното место, за да не дојде некој поважен од тебе, па домаќинот што ве поканил и тебе и него, да дојде и да ти рече: ,Отстапи му го местото на овој гостин‘, а ти посрамотен да мораш да седнеш на последното место. 10 Туку, кога си поканет, оди и седни си на последното место, па кога домаќинот ќе дојде, да ти каже: ,Пријателе, дојди наваму, на подобро место!‘ Така ќе бидеш почестен пред сите присутни. 11 Зашто секој што самиот се возвишува, ќе биде понижен, а кој ќе се однесува понизно, ќе биде возвишен.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest