Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 20:1-26

Прашања за Исусовиот авторитет

(Матеј 21:23-27; Марко 11:27-33) 20 Еден ден, додека Исус го поучуваше народот во храмот и му ја проповедаше Радосната вест, Му пријдоа свештенички поглавари, вероучители и старешини и Го прашаа: „Со какво право го вршиш ова? Кој Те овластил?“ А Тој им одговори: „Да ве прашам и Јас нешто. Кажете ми, од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога[a] или од луѓето?“ Тие почнаа меѓу себе да разговараат, прашувајќи се: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте!?‘ Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, сиот овој народ ќе нe каменува, зашто е уверен дека Јован беше пророк!“ Затоа, Му одговорија дека не знаат. Тогаш Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам кој Ми го даде правото да го правам ова што го правам!“

Исус ја кажува споредбата за лозарите

- убијци (Матеј 21:33-46; Марко 12:1-12) Потоа Исус му ја кажа на народот следнава споредба:

„Еден човек си насади лозје, им го даде под наем на лозарите и си замина од тој крај на подолго време. 10 Кога дојде времето за гроздобер, тој прати еден од своите слуги за да му го донесе делот од бербата што му припаѓа како надомест. Но лозарите го натепаа и го испратија со празни раце. 11 Потоа прати друг слуга, но лозарите и него го натепаа, го понижија и го испратија со празни раце. 12 Прати и трет слуга, но лозарите и него го претепаа и го избркаа. 13 Тогаш сопственикот на лозјето рече: ,Што да правам? Ќе го испратам мојот син - љубимецот мој; се надевам дека спрема него ќе покажат почит.‘ 14 Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа еден на друг: ,Еве го наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ 15 Исфрлајќи го надвор од лозјето, тие го убија. Сега, што ќе им направи сопственикот на лозарите? 16 Ќе дојде и ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари!“ А луѓето што го слушаа ова, рекоа: ,Да не даде Господ вакво нешто да се случи!‘ 17 Исус ги погледна и ги праша: „Тогаш, што значат следниве зборови запишани[b] во Светото Писмо:

,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана камен - темелник‘?

18 Секој што ќе се сопне од тој камен ќе се распарчи, и врз кого тој ќе падне - ќе го здроби!“

За плаќањето данок

(Матеј 22:15-22; Марко 12:13-17) 19 Во тој момент, вероучителите и свештеничките поглавари сакаа да Го уапсат Исуса, бидејќи сфатија дека кажаната споредба се однесува на нив; но се плашеа од народот. 20 Продолжија да Го држат на око, а Му испраќаа и поткажувачи кои се преправаа дека се искрени, за да Го уловат на зборови и да Го поткажат на властите и на покраинските управници. 21 Тие Му велеа: „Учителе, знаеме дека тоа што го зборуваш и го учиш е правилно. Знаеме дека Ти не гледаш на тоа кој е кој, туку вистинито го проповедаш Божјиот пат.

22 Кажи ни, дали ние треба да му плаќаме данок на римскиот император, или не?“ 23 Исус го проѕре нивното лукавство, па им рече: 24 „Покажете ми една римска монета. Чиј лик и име се втиснати на монетата?“ Тие Му одговорија: „На императорот“. 25 Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога - тоа што Му припаѓа на Бога!“ 26 И не можеа да Го уловат на збор пред народот, па затоа, вчудовидени, замолкнаа.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest