Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 13:1-22

13 Во тоа време дојдоа некои луѓе кај Исус и Му кажуваа за група Галилејци што ги убил Пилат додека тие принесувале жртви во ерусалимскиот храм, така што нивната крв се измешала со крвта на жртвите. А Тој им рече: „Немојте да мислите дека овие Галилејци биле најгрешните луѓе меѓу Галилејците, затоа што настрадале на ваков начин! Не, туку, и вам ви велам: ако не се покаете - сите ќе изгинете така! И немојте да мислите дека оние осумнаесетмина што беа згмечени кога врз нив падна кулата во Шилоах[a] беа најгрешни меѓу жителите на Ерусалим! Ви велам дека не беа најгрешни, но ако не се покаете - сите ќе изгинете така!“

Споредба со неплодната смоква

Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Еден човек имаше во лозјето насадено смоква. Кога дојде да набере плод од неа - не најде. Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години по ред доаѓам и барам плод на оваа смоква, но плод нема; затоа - пресечи ја! Зошто само да ја испостува земјата?“ А лозарот му одговори: „Господару! Остави ја уште годинава. Јас ќе ја опкопам и ќе ја наѓубрам; можеби тогаш ќе роди нешто. Ако и потоа не роди ништо - пресечи ја!“

Исус исцелува една жена во сабота

10 Една сабота Исус поучуваше во синагогата[b]. 11 Тука се најде една жена која беше обземена со демонски дух и боледуваше веќе осумнаесет години. Беше целата згрбавена и не можеше да се исправи. 12 Штом ја забележа, Исус ја повика кај Себе и и рече: „Жено, те ослободувам од твојата болест!“ 13 Потоа ги стави рацете врз неа и таа веднаш се исправи, па почна да го прославува Бога.

14 Но управникот на синагогата се налути и му рече на насобраниот народ: „Има шест дена за работа! Тогаш доаѓајте и исцелувајте се, а не во сабота!“ 15 А Исус му одговори: „Колку сте лицемерни! Сите вие си ги одврзувате волот и магарето од јаслите и ги водите на поење и во сабота, 16 а се противите на ослободувањето од болеста во сабота на оваа ќерка Авраамова, која Ѓаволот веќе осумнаесет години ја држи врзана!“ 17 Кога го рече тоа, се посрамија сите Негови противници, а народот им се радуваше на сите чуда што ги правеше Исус.

Споредба со синапово зрно

(Матеј 13:31-32; Марко 4:30-32) 18 Потоа Исус рече: „Со што да го споредам Божјото царство? 19 Тоа може да се спореди со синапово зрно што ќе го посее човек во својата градина. Тоа израснува и се развива во стебло на кое и птиците слетуваат и си прават гнезда меѓу неговите гранки.“

Споредба со квасец

(Матеј 13:33) 20 Исус продолжи: „Со што да го споредам Божјото царство? 21 Тоа може да се спореди со квасец што го зема жена и го замесува со три мери брашно; и целото тесто нараснува!“

22 На пат кон Ерусалим, Исус патуваше низ градови и села, поучувајќи ги луѓето.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest