Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 17:20-37

За Божјото царство што ќе дојде

(Матеј 24:23-28, 37-41) 20 Еден ден, некои од фарисеите[a] Го прашаа Исуса: „Кога ќе завладее Божјото царство?“ Неговиот одговор гласеше: „Божјото царство не доаѓа на видлив начин. 21 Не може да се каже: Еве го овде! или Ене го онде! Божјото царство е меѓу[b] самите вас.“

22 Потоа им рече на Своите ученици: „Ќе дојде време кога ќе копнеете да Ме видите Мене, Синот Човечки, макар и само еден ден, но нема да Ме видите. 23 Ќе има луѓе што ќе ви зборуваат: ,Ене Го онде!‘ или ,Еве Го овде!‘ 24 Не одете по нив да Го барате, зашто, како што молскавицата светка на едниот крај на небото, а болскотот и се гледа до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки[c] на денот на Неговото враќање. 25 Но Тој најпрво ќе мора да настрада и да биде отфрлен од оваа генерација.

26 Во времето кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде слична со онаа во времето на Ное: 27 луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да се женат и да се мажат, сe додека Ное не влезе во ковчегот и настапи потопот, кој сите нив ги погуби. 28 Состојбата во светот ќе биде како во времето на Лот: луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да купуваат и да продаваат, да садат и да градат. 29 Но штом Лот излезе од Содом, од небото се истури оган и сулфур и сите ги погуби. 30 Истото ќе се случи и кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки.

31 Во тој ден, оној што ќе се најде на покрив, нека не слегува по својата покуќнина! Тој што ќе се најде в поле, нека не се враќа дома! 32 Сетете се што и се случи на Лотовата жена! 33 Оној што ќе настојува грчовито да си го зачува животот - ќе го загуби, а тој што до смрт ќе го вложи во Божја служба - ќе го запази! 34 Таа ноќ, од двајца што ќе спијат во ист кревет - едниот ќе биде земен, а другиот оставен. 35 Од две жени што ќе мелат заедно - едната ќе биде земена, а другата оставена. 36 [d]

37 Учениците Го запрашаа: „Кај ќе се случи тоа, Господе?“ Тој им одговори: „Каде што е мршата - таму ќе се соберат и мршојадците!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest