Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 19:28-48

ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА ИСУС ВО ЕРУСАЛИМ

Триумфалното влегување во Ерусалим (Цветници)

(Матеј 21:1-11; Марко 11:1-11; Јован 12:12-19) 28 Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим. 29 Кога се приближи до Бетфага и Бетанија[a], на Маслиновата Гора, испрати двајца од Своите ученици 30 и им рече: „Одете до селото што е пред вас. На влезот во селото ќе најдете врзано младо магаре кое никој досега не го јавал. Одврзете го и доведете го. 31 Ако некој ве праша: ,Зошто го одврзувате?‘, кажете му дека Му е потребно на Господ.“

32 Тие заминаа и најдоа сe како што им беше кажал Исус. 33 Кога го одврзуваа магаренцето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето?“ 34 Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ!“ 35 и го доведоа кај Исус, ги положија своите облеки врз магаренцето, па Го качија Исуса. 36 Додека Тој јаваше, народот ги постилаше своите облеки по патот.

37 Кога се доближи до Ерусалим, на падините на Маслиновата Гора, големиот број Негови ученици почнаа радосно и гласно да пеат, славејќи Го Бога за сите величествени нешта што ги беа виделе, велејќи: 38 „Благословен нека биде Царот, Кој доаѓа во името на Господ! Мир на небото и слава на Бог во височините[b]!“

39 Тогаш, некои од фарисеите[c] кои се најдоа меѓу народот, Му рекоа: „Учителе! Нареди им на Твоите ученици да замолкнат!“ 40 Исус им одговори: „Да ви кажам нешто: Ако тие замолкнат, камењата ќе извикуваат!“

Исус плаче над Ерусалим

41 Кога Исус се приближи до Ерусалим и го виде пред Себе, заплака за него, 42 и рече: „Ех, кога би знаел ти денес што е потребно за да има мир во тебе! Но твоите очи сега не можат да го видат тоа. 43 Ќе дојде време кога твоите непријатели ќе те опколат со барикади, ќе те стават под опсада и ќе те затворат од сите страни. 44 До темел ќе те разурнат и ќе ги погубат твоите жители, ниту камен врз камен нема да остават, сe поради тоа што ти не го препозна времето кога Бог те посети за да ти понуди спасение!“

Исус повторно го расчистува храмот

(Матеј 21:12-17; Марко 11:15-19; Јован 2:13-22) 45 Потоа Исус влезе во храмот и почна да ги исфрла оние што таму тргуваа, 46 велејќи: „Во Светото Писмо стои напишано[d] дека Бог рече: ,Мојот храм нека биде место за молитва‘, а вие го претворивте во разбојничко дувло!“

47 Исус поучуваше во храмот секој ден. А свештеничките поглавари, вероучителите и водачите на народот настојуваа да Го убијат, 48 но не наоѓаа погоден начин, зашто сиот народ Го слушаше и не сакаше да пропушти ниту збор.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest