Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Лука 5:17-39

Исус исцелува парализиран човек

(Матеј 9:1-8; Марко 2:1-12) 17 Еден ден, додека Исус поучуваше, меѓу слушателите седеа и некои фарисеи и вероучители[a], дојдени од сите градови на Галилеја и на Јудеја, како и од Ерусалим. Силата Господова Го поттикнуваше Исуса да исцелува болни. 18 И ете, некои луѓе носеа парализиран човек на носила; тие се обидуваа да го внесат човекот внатре, кај Исус. 19 Кога поради големата толпа не успеаја да го внесат внатре, тие се искачија на куќата и преку покривот го спуштија сосе носилата сред народот, пред Исус. 20 Кога Исус виде со колкава вера го прават тоа, му се обрати на парализираниот: „Човеку, гревовите ти се простуваат!“

Кој е овластен да простува гревови?

21 Вероучителите и фарисеите почнаа да си шепотат меѓу себе: „Овој човек е богохулник! Само Бог може да простува гревови и никој друг!“

22 Знаејќи им ги мислите, Исус им рече: „Зошто ви доаѓаат такви зли мисли? 23 Полесно ли е да се каже: ,Гревовите ти се простуваат!‘, или ,Стани и оди!‘? 24 Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки[b], имам власт овде на Земјава да простувам гревови!“ Потоа му се обрати на парализираниот: „Ти наредувам: стани, земи си ја постелата и оди си здрав дома!“ 25 Пред очите на сите, човекот веднаш оздраве, па стана, си ја зеде постелата на којашто лежеше и си отиде дома, славејќи Го Бога. 26 Сите останаа вчудовидени и Го славеа Бога со страхопочит, велејќи: „Чудесни работи видовме денес!“

Повикувањето на Левиј (Матеј)

(Матеј 9:9-13; Марко 2:13-17) 27 Потоа Исус излезе и здогледа еден собирач на данок[c], по име Левиј, кој седеше на даночна тезга, па му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“ 28 Левиј стана и оставајќи сe тргна по Исус.

29 Набргу потоа Левиј приготви голема гозба во својот дом, во чест на Исус, а меѓу гостите, покрај другите луѓе, имаше и многу собирачи на данок. 30 А фарисеите и вероучителите од нивната група почнаа да негодуваат и им рекоа на Исусовите ученици: „Зошто јадете и пиете со собирачи на данок и со други отпадници?“ 31 На ова, Исус им одговори: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните! 32 Јас не дојдов да повикувам праведници на покајание, туку грешници.“

Прашањето за постот

(Матеј 9:14-17; Марко 2:18-22) 33 Тогаш верските претставници Му рекоа на Исус: „Учениците на Јован Крстител редовно постат и се молат, како што прават и учениците на фарисеите, а Твоите ученици јадат и пијат!“ 34 Исус им одговори: „Зар треба да се тераат сватовите да постат, додека младоженецот[d] е со нив? 35 Но еден ден, младоженецот ќе се оддели од нив; тогаш тие ќе постат.“

36 Потоа им ја кажа оваа споредба: „Никој не кине парчиња од нова облека за да закрпи стара облека; зашто, така би се раскинала новата облека, а и новата крпа не би прилегала врз старата облека. 37 И никој не полни ново вино во стари кожни мешини, зашто мешините ќе пукнат[e] од новото вино и виното ќе истече, а и мешините ќе пропаднат. 38 Затоа, ново вино треба да се става во нови мешини. 39 Но никој што пие старо вино не посакува ново вино, туку ќе рече дека старото вино е подобро.“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest