New Testament in a Year
25 Во тоа време, во Ерусалим живееше еден човек по име Симон. Тој беше добар и богобојазлив, исполнет со Светиот Дух, и Го очекуваше Месијата Кој ќе го избави Израел. 26 Симон беше добил уверување од Светиот Дух дека нема да умре додека не Го види Месијата, ветен од Господ. 27 Поттикнат од Светиот Дух, Симон дојде во храмот токму кога родителите Го донесоа Детето Исус, за да Го посветат, согласно со она што беше пропишано со Мојсеевиот Закон. 28 Симон Го зеде Детето в раце и упати благодарност кон Бог, велејќи:
29 „Господе, сега можам спокојно да умрам
зашто Ти го одржа Своето ветување.
30 Моите очи Го видоа Спасителот,
31 Кого Ти Го испрати за сите народи.
32 Тој е Светлина што на народите ќе им го открие Бога
и ќе Му донесе слава на Твојот народ, Израел!“
33 А Јосиф и Марија се восхитуваа од овие зборови искажани за Исус. 34 Тогаш Симон ги благослови, и и рече на Марија, мајката на Детето: „Ова Детенце е избрано од Господ да собори и да подигне мнозина во Израел; ќе биде знак против кој луѓето ќе зборуваат, 35 откривајќи ги така своите тајни мисли. А тебе, тагата како меч ќе ти ја прободе душата.“
36 Таму беше и една многу стара пророчица, по име Ана, ќерка на Фануел, од Ашеровото племе. По своето моминство, таа живеела во брак седум години, а потоа останала сама; сега имаше осумдесет и четири години. 37 Таа беше постојано во храмот и Му служеше на Господ и дење и ноќе, постејќи и молејќи се. 38 Токму кога Симон разговараше со Јосиф и Марија, таа пријде и почна да Го слави Бога и да им зборува за Исус на сите што очекуваа да се појави ветениот Цар, Кој ќе го избави Ерусалим.
Враќањето во Назарет
39 Кога Јосиф и Марија извршија сe што беше пропишано според Господовиот Закон, се вратија во својот град, Назарет, во покраината Галилеја. 40 Таму Детето растеше и закрепнуваше; беше полно со мудрост, а Бог Му беше особено благонаклонет.
12
-годишниот Исус во храмот 41 Родителите на Исус одеа секоја година во Ерусалим, за време на празникот Пасха. 42 Кога Исус имаше дванаесет години, тие отидоа со Него на празникот, како и обично. 43 По празникот, тие тргнаа дома, а Исус остана во Ерусалим без знаење на Неговите родители. 44 Мислејќи дека е некаде меѓу патниците, тие патуваа цел ден, барајќи Го меѓу роднините и пријателите. 45 Бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат таму. 46 По три дена Го најдоа во храмот, каде што седеше со еврејските учители, ги слушаше и им поставуваше прашања. 47 Сите што Го слушаа беа одушевени од Неговите умни одговори. 48 Кога Го видоа, Неговите родители се изненадија, а мајка му Му рече: „Зошто ни го направи тоа, чедо мое!? И татко ти и јас се изнамачивме барајќи Те!“ 49 Тој им одговори: „Зошто сте Ме барале? Зар не знаевте дека Јас треба да бидам во служба на Мојот Татко[a]!?“ 50 Но тие не го разбраа Неговиот одговор.
51 Потоа Исус се врати со нив во Назарет и им беше послушен. Мајка му грижливо ги редеше во своето срце сите овие случки. 52 Исус растеше и напредуваше во мудрост, здобивајќи се со благонаклоност и кај Бог и кај луѓето.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest