New Testament in a Year
23 Одненадеж, во синагогата влезе еден човек обземен[a] со демонски дух и почна да вика: 24 „Што ќе ни сториш, Исусе од Назарет!? Дојде за да нe уништиш, нели!? Те знам Кој си: Ти си Божјиот Светец!“
25 Исус му заповеда на демонскиот дух: „Замолкни и излези од човекот!“ 26 Демонскиот дух го стресе човекот и со силна викотница излезе од него.
27 Луѓето останаа вчудовидени и си велеа еден на друг: „Што е ова? Некое ново и моќно учење! На демонски духови им заповеда и тие Му се покоруваат!“
28 Вестите за Исус бргу се раширија по цела Галилеја.
Исус исцелува многу луѓе
(Мт. 8:14-17; Лк. 4:38-41) 29 Напуштајќи ја синагогата, во придружба на Јаков и Јован, Исус отиде во куќата на Симон и Андреј. 30 Таму Му кажаа дека тештата на Симон лежи болна со силна треска. 31 Исус влезе кај неа, ја фати за раката и ја поткрена. Треската веднаш и престана и таа почна да ги послужува.
32 Вечерта, по зајдисонце, сите што беа болни или обземени од демони ги доведуваа кај Исус. 33 Целиот град се собра пред вратата. 34 Исус ги исцелуваше сите заболени од најразлични болести и ги ослободуваше од демонски духови. Демоните знаеја Кој е Исус, но Тој не им дозволуваше да кажат.
35 Рано утредента, уште в мугри, Исус стана и отиде на молитва, сам, на тивко место. 36 Симон и другите тргнаа да Го бараат. 37 Кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“ 38 А Тој им одговори: „Да одиме на друго место, во соседните градови, за да им проповедам и ним, бидејќи за таа цел сум дојден.“ 39 Така Исус ја помина целата покраина Галилеја, проповедајќи по тамошните синагоги и ослободувајќи луѓе од демонска обземеност.
Исцелување на еден лепрозен човек
(Мт. 8:1-4; Лк. 5:12-16) 40 Еден човек, болен од лепра, дојде кај Исус, клекна на колена и почна да Го моли: „Ако сакаш, Ти можеш да ме исцелиш[b]!“ 41 Исус се сожали, испружи рака и го допре, велејќи му: „Сакам! Еве, те исцелувам!“ 42 Во истиот момент лепрата исчезна и човекот оздраве.
43 Испраќајќи го, Исус строго му нареди: 44 „Не кажувај никому за ова! Оди само кај свештеникот[c] и покажи му дека си здрав. Потоа принеси дар во храмот како што е пропишано со Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста.“
45 Но тукушто излезе, човекот почна на сите да им раскажува за случката, така што Исус повеќе не можеше јавно да се движи во градот. Престојуваше надвор од населените места, а народ од сите страни доаѓаше кај Него.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest