Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

New Testament in a Year

Read the New Testament from start to finish, from Matthew to Revelation.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Марко 1:1-22

Евангелието според

Марко

ПОДГОТОВКИ ЗА НАСТАПОТ НА ИСУС ХРИСТОС

Проповедањето на Јован Крстител

(Мт. 3:1-12; Лк. 3:1-18; Јвн. 1:19-28) Ова е почетокот на Радосната вест за Божјиот Син Исус Христос. Таа започна онака како што беше предвестено од Бог, во Книгата напишана од пророкот Исаија:

„Ќе испратам Свој гласник, да ти го подготви патот.

Низ пустината ќе одекнува неговиот глас:

‚Пригответе пат за доаѓањето на Господ!

Исправете го патот за Него[a]!‘“

Тој гласник беше Јован Крстител кој се појави во пустината и започна да проповеда крштавање како знак за обраќање кон Бог заради простување на гревовите.

Кај него почнаа да доаѓаат луѓе од цела Јудеја и од Ерусалим. Тие ги исповедаа своите гревови, а Јован ги крштаваше[b] во реката Јордан.

Јован носеше облека исплетена од камилски влакна и беше препашан со кожен појас. Се хранеше со скакулци и див мед.

Тој им зборуваше на луѓето: „По мене доаѓа многу голем човек! Јас не сум достоен ни ремењата од Неговите сандали да Му ги одврзам! Јас сега ве крштавам со[c] вода, а Тој ќе ве крсти со Светиот Дух.“

Во тоа време дојде Исус од Назарет во Галилеја и Јован Крстител Го крсти во реката Јордан. 10 Во моментот кога Исус излегуваше од водата, Јован виде како се отвори небото и Светиот Дух во облик на гулаб слезе врз Исус. 11 Се чу и глас од небото: „Ти си Мојот сакан Син; со Тебе Сум наполно задоволен!“

Исус и Сатаната

(Мт. 4:1-11; Лк. 4:1-13) 12 Веднаш по ова, Божјиот Дух Го одведе Исуса во пустината. 13 Таму Тој остана четириесет дена и Сатаната Го искушуваше. Исус живееше сред диви животни, но ангелите се грижеа за Него.

Почетоци на Исусовата служба

(Мт. 4:12-17; Лк. 4:14-15) 14 Подоцна, кога владетелот Ирод Антипа го затвори Јована Крстител, Исус отиде во Галилеја за да ја проповеда Божјата Радосна вест. 15 Говореше: „Дојде времето! Божјото царство се приближува! Покајте се и верувајте во Радосната вест!“

Исус ги избира првите ученици

(Мт. 4:18

-22; Лк. 5:1-11) 16 Одејќи по брегот на Галилејското Езеро, Исус ги забележа браќата Симон и Андреј. Тие беа рибари и ги поставуваа своите рибарски мрежи во езерото. 17 Исус им рече: „Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе, а не риби!“ 18 Двајцата браќа веднаш ги оставија своите мрежи и тргнаа по Него.

19 Малку понатаму, Исус ги забележа Завдаевите синови Јаков и Јован. Тие седеа во своето бротче и си ги крпеа рибарските мрежи. Веднаш ги повика и нив. 20 Оставајќи ги својот татко и наемните работници во бротчето, тие тргнаа по Исус.

Исус во Кафарнаум: сабота, во синагогата

(Лк. 4:31-37) 21 Придружуван од Своите ученици, Исус отиде во градот Кафарнаум. Во саботата, отиде во синагогата[d] и почна да ги поучува луѓето. 22 Сите беа восхитени од Неговото учење. Тој поучуваше со вистински авторитет, а не како вероучителите[e].

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest