Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

M’Cheyne Bible Reading Plan

The classic M'Cheyne plan--read the Old Testament, New Testament, and Psalms or Gospels every day.
Duration: 365 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: 2Chr for the version: Macedonian New Testament
Откровение 20

Сатаната е фрлен во Бездната

20 Потоа видов еден ангел како слегува од небото; во рацете го носеше клучот од Бездната и една голема верига. Тој го фати Змејот - старата Змија, познат и како Ѓавол и Сатана - и го окова во верига за период од илјада години. Потоа го фрли во Бездната. Таму го затвори и го заклучи, за да не ги заведува народите во период од илјада години. Потоа тој ќе биде пуштен, но само за кратко време.

Првото воскресение

Потоа видов престоли; луѓето што седеа на нив, беа овластени да судат. Ги забележав и душите на погубените поради вера во Исус и проповедање на Божјото Слово и на сите оние што не му се поклонија на Ѕверот, ни на неговата икона и не го примија неговиот белег на челото или на раката. Видов како тие воскреснаа и царуваа со Христос илјада години. (Другите умрени нема да воскреснат додека не поминат илјада години.) Благословени и свети се оние што ќе бидат учесници во првото воскресение! Втората смрт ќе нема власт над нив; тие ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со Нив[a] илјада години.

Конечниот пораз на Сатаната

Кога ќе изминат илјада години, Сатаната ќе биде пуштен од затворот во Бездната. Тој ќе тргне да ги заведува народите по сите четири страни на светот - народите на Гог и Магог, кои заедно со него ќе тргнат во војна. Ќе собере многубројна војска, колку што има зрнца песок на морските брегови. Тие ќе излезат на широката земна рамнина и ќе го опколат живеалиштето на Божјиот народ и Неговиот омилен град. Но тогаш ќе слезе оган од небото и ќе ја уништи целата армија. 10 Тогаш Ѓаволот, кој ги заведуваше, ќе биде фрлен во Огненото Езеро полно со запален сулфур, каде што претходно веќе беа фрлени и Ѕверот и лажниот пророк. Таму ќе бидат деноноќно мачени за вечни векови.

Конечниот Суд над Земјата и луѓето

11 Потоа го видов големиот бел престол и Оној што седи на него. Земјата и небото бегаа од Неговото присуство, но не најдоа место каде би се скриле од Него.

12 Ги видов и починатите луѓе, мали и големи - сите до еден стоеја пред Божјиот престол. Прво беа отворени некои книги, а потоа и Книгата на животот. На починатите им беше судено според она што за нивните дела го пишуваше во книгите. 13 Морето ги предаде луѓето загинати во него, а и Смртта и Адот ги предадоа умрените луѓе што тие ги држеа. На сите луѓе им беше судено според нивните дела. 14 А потоа, Смртта и Адот беа фрлени во Огненото Езеро. Ова е втората смрт. 15 Секој човек чие име не се најде запишано во Книгата на животот беше фрлен во Огненото Езеро.

Error: Book name not found: Mal for the version: Macedonian New Testament
Јован 19

Исус е осуден на смрт

(Матеј 27:15-31; Марко 15:6-20; Лука 23:13-25) 19 Тогаш Пилат нареди Исус да биде камшикуван. Војниците исплетоа венец од трње, Му го ставија на главата и Му облекоа пурпурна наметка. Потоа одеа околу Него и викаа: „Здраво, царе на Евреите!“ и Го удираа со тупаници.

Пилат повторно излезе надвор, па им рече на Евреите: „Еве, ќе ви Го изнесам надвор, но да знаете дека не најдов никаква вина кај Него!“ Тогаш Го изведоа Исуса со трнов венец на главата и со пурпурната наметка. Пилат им рече: „Еве Го човекот!“

Кога Го видоа свештеничките поглавари и гардистите на храмот почнаа да викаат: „Распни Го! Распни Го!“ Пилат им рече: „Земете Го, и самите распнете Го, зашто јас не најдов никаква вина кај Него!“

Евреите му одговорија: „Тој тврдеше дека е Божјиот Син! Според нашиот верски Закон Тој мора да биде осуден на смрт!“

Кога го слушна тоа, Пилат уште повеќе се исплаши, па влезе повторно во палатата и Му рече на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му одговори. 10 „Зар одбиваш да зборуваш со мене!?“ - му рече тогаш Пилат. „Зар не знаеш дека јас имам власт да те пуштам или да те распнам!?“

11 Исус му одговори: „Да не ти беше дадена од Бога, ти немаше да имаш никаква власт над Мене. Затоа, оној што Ме предаде е виновен за поголем грев.“

12 Кога го слушна ова, Пилат сакаше да Го ослободи, но Евреите упорно викаа: „Ако го пуштиш овој човек - не си му пријател на римскиот цар[a]! Секој што себеси се прогласува за цар, се бунтува против римскиот цар!“

13 Кога Пилат го слушна тоа, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот престол, на местото наречено Плочник (на хебрејски: Габата). 14 Беше околу пладне, ден пред празникот Пасха[b].

15 Тогаш тие се развикаа: „Убиј го! Убиј го! Распни го!“ Пилат им рече: „Зар вашиот цар да Го распнам!?“

„Ние немаме друг цар освен римскиот цар!“ - му одговорија свештеничките поглавари.

Распнувањето на Исус

(Матеј 27:32-44; Марко 15:21-32; Лука 23:26-43) 16 Тогаш Пилат им Го предаде, за да Го распнат. Тие Го одведоа Исуса.

17 Носејќи го сам крстот, Исус дојде до местото наречено Череп, кое на арамејски јазик се вика Голгота[c]. 18 Таму Го распнаа, заедно со уште други двајца: едниот од едната, другиот од другата страна на Исус.

19 Пилат нареди на дрвена плоча да се напише обвинението и да се прицврсти на крстот. Текстот гласеше: „Исус од Назарет, цар на Евреите.“ 20 Многумина од Евреите го прочитаа овој натпис, зашто местото каде што Го распнаа Исуса беше близу до градот. Текстот беше напишан на арамејски[d], на латински и на грчки јазик. 21 Свештеничките поглавари му рекоа на Пилат: „Зошто си напишал ,Цар на Евреите‘? Требаше да напишеш: ‚Самопрогласен цар на Евреите!‘“

22 „Што напишав - напишав!“ - им одговори Пилат.

23 Откако Го распнаа Исуса, војниците Му ги зедоа алиштата и ги разделија на четири дела - по еден дел за секој војник. Но туниката на Исус беше без раб, исткаена од еден дел. 24 Затоа тие си рекоа еден на друг: „Да не ја кинеме, туку ајде да фрлиме жрепка за неа, па да видиме кој од нас ќе ја добие!“

Така се исполни Светото Писмо, кое претскажа:

„Моите алишта си ги разделија, а за туниката фрлија жрепка[e].“

25 Веднаш до Исусовиот крст стоеја Неговата мајка, нејзината сестра, чие име беше Марија, која му беше сопруга на Клопас, и Марија Магдалена. 26 Кога Исус ги виде Својата мајка и Својот милен ученик крај неа, Тој и рече на мајка си: „Жено, сега тој ќе ти биде син!“ 27 Потоа му рече на ученикот: „Отсега таа нека ти биде мајка!“ Од тој ден, тој ја зеде Исусовата мајка кај себе.

Смртта на Исус

(Матеј 27:45-56; Марко 15:33-41; Лука 23:44-49) 28 Потоа, знаејќи дека целокупното Негово дело е завршено, а за да се исполни Светото Писмо, Исус рече: „Жеден сум[f]!“ 29 Таму имаше еден сад полн со вински оцет[g]. Откако закачија сунѓер натопен во винскиот оцет на една прачка од хисоп[h], Му го принесоа до устата. 30 Штом вкуси од винскиот оцет, Исус рече: „Се сврши!“ Потоа ја наведна главата и умре[i].

Прободувањето на Исус

31 Тој ден, петок, беше денот на подготовка[j] за утрешниот празник Пасха, кој за Евреите претставува особено значаен празник. Затоа тие побараа од Пилат да им ги прекрши нозете[k] на распнатите и да ги симне, за да не останат да висат телата распнати на крстовите и во саботата. 32 Така, војниците дојдоа и најпрво им ги прекршија нозете на другите двајца кои беа распнати со Исус. 33 А кога дојдоа до Исус видоа дека веќе е мртов, па не Му ги скршија нозете. 34 Наместо тоа, еден од војниците со копје Го прободе под ребрата, при што потекоа крв и вода. 35 Знаеме дека сето ова е точно, затоа што го кажува човекот[l] што лично беше таму и со свои очи виде. Затоа можете да верувате и вие. 36 Ова се случи за да се исполни Светото Писмо, кое претскажа: „Ниту една Негова коска нема да биде скршена[m].“ 37 На друго место Писмото вели: „Ќе Го гледаат Оној што Го прободоа[n].“

Погребувањето на Исус

(Матеј 27:57-61; Марко 15:42-47; Лука 23:50-56) 38 Подоцна Јосиф од градот Ариматеја[o], кој беше таен Исусов следбеник, поради страв од Евреите, побара од Пилат да му го даде телото на Исус. Пилат му одобри и Јосиф отиде и го зеде телото од крстот. 39 Дојде и Никодим со околу триесет и четири килограми смеса од ароматични смоли[p]. Тоа беше оној Никодим кој порано беше дошол кај Исус ноќе. 40 Тие го зедоа Исусовото тело и го завиткаа во платно, заедно со ароматичните смоли, според еврејскиот обичај на подготвување за погреб. 41 А на местото каде што Го распнаа имаше една градина и во неа една нова гробница, во која се уште никој не беше погребуван. 42 Таму го положија телото на Исус, зашто гробот беше близу, а тие се брзаа, бидејќи беше ден на подготовка[q] за саботата и Пасхата.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest